fbpx

Добредојде во Monday Learning.

Тренинг центар за дигитални вештини.

Програми за графички дизајн и дигитален маркетинг - дизајнирани според концепт „учење за работа“ со комбинација од предавања, практични работилници, тимска работа и чекор по чекор учење на практични алатки.

Резервирај место
Main MONDAY LEARNING IMAGE - 3

Достапни програми.

Тренинг програми преку кои ќе ги совладаш најбараните креативни и дигитални вештини за работа во една дигитална агенција или софтверска компанија.

Графички дизајн.

3 месечна тренинг програма за графички дизајн на која ќе ги научиш, совладаш и усовршиш најбараните вештини и алатки кои ќе ти помогнат визуелно да ја пренесеш пораката на еден бренд и успешно да работиш како графички дизајнер во дигитална агенција.

ВИДИ ПРОГРАМА

Дигитален маркетинг.

2 месечна тренинг програма за дигитален маркетинг на која ќе ги совладаш, научиш и усовршиш потребните дигитални алатки, техники и канали за ефикасно управување со бизнис, зголемување на релевантноста на брендот и водење на маркетинг кампањи од почеток до крај.

ВИДИ ПРОГРАМА

Какo ќе учиш во Monday Learning?

Процесот на учење на новата дигитална вештина се одвива во три интерактивни фази каде ќе работиш на најмалку 5 различни проекти од клиенти во различни индустрии.

Запознавање со основите на секоја програма

Теоретски и практичен дел

Во овој дел менторот преку низа теоретски и практични примери ќе ве запознае со основите на тренинг програмата, основната терминологија и целта на секоја програма.

Совладување на техниките и алатките

Креативна и техничка работа

Во овој дел менторот работи со секој учесник поединечно на секоја алатка и секоја техника, разменувајќи идеи и создавајќи повеќе прототипови на дизајни или маркетинг стратегии - додека не се добие функционално решение на задачите и проектот.

rocket custom icon

Имплементација на стекнатото знаење на проекти од клиенти.

Индивидуална работа и тимска работа на проект

Во оваа фаза работиш тимски и индивидуално под инструкции на твојот ментор на задача од клиенти. Тука е потребно да го искористиш знаењето и алатките стекнати во процесот на учење и од почеток до крај да креираш решение кое ќе стане дел од твоето професионално портфолио.

Digitalen marketing i Dizajn kursevi

Зошто Monday Learning?

Monday Learning е производ од потребата за ефективно познавање на дигитални вештини во процесот на работа на една дигитална агенција. Потребата од интегрирани дигитални познавањa за еден бизнис решивме да ја преточиме во тренинзи за креативни дигитални вештини, чија програма ќе биде изготвена според потребите за работната позиција и актуелните барања на пазарот.

Кој може да учи во Monday Learning?

Програмите се наменети за студенти, вработени, претприемачи и за сите кои сметаат дека можат уште повеќе да го развијат својот креативен потенцијал и сакаат да одат чекор напред во нивниот професинален развој, да стекнат дигитална независност, да научат барана вештина на пазарот или успешно да изградат еден бренд.

image 3-3

Време е за нови дигитални знаења.

Пријавите за новите групи се започнати, а местата се ограничени. Новите групи започнуваат во месец септември. Зачувај место навреме.

Резервирај место

01 Кога, каде и колку ќе траат наставните програми?

Новите групи започнуваат во април 2023. Предавањата и работилниците ќе бидат со почеток во 17:30 часот, 3 пати неделно, ONLINE. Програмата за дигитален маркетинг трае 2 месеци. Програмата за графички дизајн трае 3 месеци.

03 Дали треба да имам претходни познавања?

За учество на некој од тренинзите не е потребно претходно искуство во дигитален маркетинг или графички дизајн. Но, бидејќи станува збор за дигитални алатки и вештини, потребно е да имаш основни знаења како да користиш компјутер, да отвориш електронска пошта и да се приклучиш на Интернет.

02 Дали треба да знам англиски јазик?

Предавањата и вежбите ќе се одржуваат на македонски јазик, меѓутоа потребно е познавање на англиски јазик бидејки целата терминологија е на англиски јазик. 

04 Дали има повеќе опции за плаќање?

Сите програми имаат можност за плаќање на 4 рати без камата.

Блог.

Дознавај ги последните новости од Monday Learning.

За надминување на предизвиците во графичкиот дизајн, зборувавме со Емилија Петрова – учесник на тренинг програмата за графички дизајн

Продолжуваме со серијата објави „За графички дизајн“ и овојпат си направивме муабет со Емилија Петрова. Емилија е графички дизајнер...