fbpx
Monday LearningДигитален маркетинг 7 маркетинг алатки што ќе ги совладаш на програмата за дигитален маркетинг

7 маркетинг алатки што ќе ги совладаш на програмата за дигитален маркетинг

Тренингот за дигитален маркетинг во Monday Learning овозможува длабоко разбирање на некои од најкористените алатки за дигитални маркетери. Учесниците за време на предавањата ќе научат како да ги искористат клучните предности на овие алатки, за да ги зајакнат нивните напори во специјализација за дигитален маркетинг. Овие алатки заедно со најдобрите практики, создаваат синергетски ефект со што можат да ја претворат анемичната маркетинг стратегија во стратегија што носи подобри резултати и повисока рентабилност. Ова се неколку од алатките кои ќе ги совладаш за време на тримесечниот тренинг за дигитален маркетинг.

Facebook Business Manager

Facebook како социјална мрежа со најголем број на корисници ширум светот е воедно и една од најдобрите платформи за одржување и успешен маркетинг на бизниси. Една од главните алатки кои ќе бидат во центар на внимание на програмата за дигитален маркетинг е Facebook Business Manager. Преку оваа специјализирана алатка ќе научиш како да управуваш со сите маркетинг активности и рекламирања на Facebook. Ќе научиш да креираш кампањи, лесно да таргетираш публики, да ја следиш успешноста на секоја кампања и да менаџираш и калкулираш буџети за подобри резултати и рентабилност.

WordPress (Elementor)

Креирање веб-страница или блог е од витално значење за еден бизнис. Оваа вештина се повеќе станува дел од работата на еден маркетер. Постојат многу опции за да се изгради еден вебсајт и тоа без познавање на код. Затоа голем дел од часовите на тренинг програмата во Monday Learning ќе бидат посветени токму на градење функционална лендинг страна во WordPress со помош на додатокот Elementor. Ќе научиш како брзо, функционално и професионално да изградиш веб-страница за која е потребно нула знаење за кодирање.

Canva

Да се има визуелен идентитет и графички дизајн на солидно ниво е полесно од кога било ако ја совладаш Canva. Со помош на оваа алатка ќе научиш како да креираш и уредуваш креативи, презентации, портфолиа и понуди почнувајќи од нула. На тренингот ќе научиш како да креираш еден целосно готов содржински календар за клиент со визуелни решенија спремни за објавување – притоа дизајнирајќи ја секоја креатива со помош на Canva.

Hootsuite

Кога работиш на повеќе клиенти истовремено – менаџирањето на целото нивно присуство на социјални мрежи одзема значителен дел од твоето време. Еден од најдобрите заштедувачи на време кога станува збор за маркетинг на социјални медиуми е закажувањето на објави. На програмата ќе се запознаеш со Hootsuite – одлична алатка која овозможува усовршување, распоред и објавување содржини на различни социјални платформи истовремено.

Mailchimp & MailerLite

Емаил маркетинг е еден од основните елементи што треба да се имплементираат во секоја маркетинг стратегија за да стигне до клиенти. Привлечен наслов и квалитетната содржина на пораката ги зголемува шансите твојот емаил да биде отворен и прочитан. На тренингот за дигитален маркетинг ќе научиш како да дизајнираш newsletter, како да сегментираш публика и како да креираш соодветни пораки за различни профили на купувачи и корисници со помош на Mailchimp и Mailerlite.

Google Analytics

Сè што треба да знаеш за подобро разбирање на твојата публика во една алатка за следење на сообраќајот кон веб-страница и користење на податоците за подобрување на твојата маркетинг стратегија. Ќе научиш како да имаш увид во тоа кој ја посетува твојата веб-страница; на кои страници корисниците поминуваат најмногу време, како и од каде стигнале.

Google Ads

Ќе развиеш вештини за ефективно користење на Google Ads алатката и плаќање по клик. Ќе научиш како да оптимизираш Google Ads кампањи, да следиш конверзии и да го измериш повратот на потрошени средства за реклама.

Ова се само неколку од алатките и вештини кои ќе ги стекнеш во 3 месечната програма на Monday Learning. Со совладување на истите и чекор по чекор асистенција од нашите ментори, ја имаш можноста да станеш одличен дигитален маркетер. Уписите за тренингот за дигитален маркетинг се во тек. Резервирај место тука.