fbpx
Monday LearningГрафички дизајн За надминување на предизвиците во графичкиот дизајн, зборувавме со Емилија Петрова – учесник на тренинг програмата за графички дизајн

За надминување на предизвиците во графичкиот дизајн, зборувавме со Емилија Петрова – учесник на тренинг програмата за графички дизајн

Продолжуваме со серијата објави „За графички дизајн“ и овојпат си направивме муабет со Емилија Петрова. Емилија е графички дизајнер во Bintern, исклучително талентирана и креативна личност, која континуирано ги усовршува знаењата за графичкиот дизајн. На една од нејзините авантури кон напредување во кариерата ја сретнавме на програмата за графички дизајн во Monday Learning. За Емилија, нејзиното искуство како графички дизајнер и за искуство во Monday Learning ќе дознаете во овој текст.

За првиот чекор кон кариера како графички дизајнер

Пред се, првиот чекор во кариерата е од големо значење кога вистински знаете што сакате да работите и започнувате да се стремите кон вашата цел во животот. Графичкиот дизајн за мене има големо влијание поради тоа што ме поттикна да ја изразам мојата креативност и инспирација. На почетокот учев некои основни работи од интернет, па потоа решив да запишам курс за подобро запознавање на функциите и техниките, со тоа што ме мотивира и понатаму да продолжам да работам и да се посветам во оваа област, каде што сепак треба да се вложи труд и време за постигнување на целта.

За креативните методи и техники на учење

Учењето графички дизајн е контунуирано надоградување, каде што најчесто се учи преку вежби, интернет, видеа, социјални медиуми, курсеви и сл. па и во текот на учењето и јас како почетник, лично си задавав некакви предизвици – задачи, идеи каде што претежно учев и се среќавав со нови функции, техники и со тек на време се повеќе го подобрував начинот на работење, а и сметам дека во оваа област секогаш ќе има нешто ново за учење, па со тек на време треба континуирано подобрување за да се надогради знаењето.

За надминување на предизвиците

Најголем предизвик, а исто и еден од омилените ми е процесот на лого дизајн, но и покрај тоа, на програмата за графички дизајн на Monday Learning, се запознав и со основата во областа на UX/UI дизајн, па во тој правец за почеток, предизвик ми е да го надополнам моето знаење како дизајнер и да стекнам некои нови вештини и да го развијам начинот на размислување и креативност во таа област.

За искуството во Monday Learning и совет кон новите дизајнери

На програмата за графички дизајн стекнав одлично искуство, каде преку реални проекти и задачи континуирано учев, се надоградував и работев под менторство на дизајнери со долгогодишно искуство во областа на графичкиот дизајн, со што дополнително ми помогнаа да се надоградам и развијам во оваа област. Во текот на програмата се стекнав со нови вештини, техники и познавања во сите модули. Креирав лого дизајн за Правен Факултет (ИКТ одделение), постер кампања за Global Enterpreneurship Week и повеќето дизајни беа за американскиот продукт “No bull”, каде работев на дизајн за социјални медиуми, принт дизајн, постери и сл. На сите оние кои сакаат да се занимаваат со оваа професија би им препорачала да посветат повеќе време кон учење и работење, а исто така и да инвестираат во своето знаење за да стекнат квалитетни вештини кои ќе им служат и понатаму да се надоградуваат и развиваат како графички дизајнери.

Уписите за програмата за графички дизајн се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место тука. Програмата за графички дизајн во Monday Learning е интензивна програма со детално изучување на секоја тема поврзана со областа. За времетраење од три месеци ќе ги научиш најбараните вештини и алатки, притоа создавајќи професионално портфолио со проекти од неколку различни клиенти.