fbpx
Monday LearningДигитален маркетинг Кои вештини ти се потребни за работа како дигитален маркетер?
Digitalni marketing vestini

Кои вештини ти се потребни за работа како дигитален маркетер?

Дигиталната индустрија е се пообемна и може да изгледа навистина предизвикувачки за оние кои се почетници. Кога станува збор за дигитален маркетинг, еден дигитален маркетер треба да има способност брзо да се адаптира и да учи самостојно, дури и да биде подготвен да се движи во различни дигитални кариери. Но како да се започне и кои се вештините потребни за да те издвојат на пазарот на труд?

Ги издвоивме најважните вештини кои носат континуирана релевантност во дигиталната маркетинг индустрија. Истите детално се изучуваат на интензивната тренинг програма за дигитален маркетинг во Monday Learning која започнува во септември.

Copywriting

Copy е пишан материјал насочен кон промовирање и поттикнување акција. Со оглед на бројот на онлајн канали што постојат денес, copywriting е една од основните вештини за дигитален маркетинг. Со самиот пишан текст треба да привлечеш внимание, и да создадеш содржина која има вредност, инспирирајќи акција a притоа користејќи ограничен број зборови и простор. Првичната цел на copywriting не е да продадеш, но секогаш на крај е поврзано со некаква конверзија. Исто така, треба да бидеш во можност лесно да се прилагодуваш согласно природата на бизнисот, бидејќи очекувањата и начинот на размислување на публиката варира во зависност од платформата.

SEO (оптимизирање на пребарувачот на Google)

Знаењето како да се појави твојот бизнис за релевантни пребарувања е клучна вештина за дигитален маркетинг. SEO делува како сложен предмет и од технички и од креативен аспект, така што опфаќа широк спектар на под-вештини. Затоа треба да знаеш како да произведуваш и промовираш корисна содржина, да градиш ефективни списоци со клучни зборови и ефикасно да структурираш и оптимизираш една веб – страница.

Social Media Marketing

Mаркетинг на социјалните медиуми претставува непроценлива вештина поставена во пакетот со алатки за дигитален маркетинг. Речиси една третина од населението во моментов користи некој вид платформа за социјални медиуми. Секоја платформа има свои добри и лоши страни; ќе треба да знаеш што работи, а што не, кога и што да објавуваш и како да го прилагодиш тонот на твоите објави за да одекне со различните сегменти на твојата публика што користат различни платформи. 

Email Marketing & Newsletters

Email marketing e многу ефикасен начин за да допреш до потенцијалните купувачи. Секој бизнис има содржина што треба да ја сподели на својата база на корисници. Newsletters е одличен начин за да го прошириш опсегот на содржина, како и да генерираш нови корисници.

Анализирање на податоци (Data / Analytics)

Без разлика во кој аспект на дигиталниот маркетинг се наоѓаш, Google Analytics најверојатно ќе биде центарот во твојата стратегија. Следењето и известувањето преку овие алатки се прилично едноставни, но она што треба да го знаеш е како да ги собереш и искористиш тие информации. Тие ќе ти помогнат да научиш повеќе за однесувањето на потрошувачите и да ги примениш на нови решенија што зголемуваат конверзии. Повеќето бизниси (дури и малите) имаат огромни количини податоци за следење, а ти како дигитален маркетер треба да разбераш како да го собереш и искористиш ова во нивна корист.

PPC

Како дигитален маркетер ти ќе располагаш со одреден буџет кој што е наменет за рекламирање. Треба внимателно да размислиш како да го распоредиш и искористиш за максимални резултати. Ова вклучува поставување реклами на најразлични страници на интернет – платформи како Google Ads.  Со PPC, имаш поголема загарантираност рекламата да се прикажува на првите места, но плаќаш за секој клик што го добива твојата реклама. Но секако се зема во предвид и релевантноста и квалитетот на рекламата.

Изработка на лендинг страна (WordPress)

Најновата верзија на WordPress ја користат повеќе од 85% од веб-страните, и токму поради тоа тој е најпопуларен CMS. Шансите се дека брендовите за кои работиш ќе користат WordPress, или ќе треба да се префрлат на него. Разбирањето на WordPress и сите негови карактеристики и додатоци ќе биде одлична вештина во твојата дигитална маркетинг кариера. Дури и ќе ти помогне да поставиш своја веб-страница и блог за сопствен бизнис.

Вештини за правилно пребарување

Луѓето постојано поставуваат прашања на Google и поминуваат саати во пребарување на правилната информација. Треба да развиеш способност да бараш информации и да се подобриш во начинот на пребарување, за да не пробиваш низ тони ирелевантни информации.

Иако постојат голем број работи што треба да ги направиш за да бидеш конкурентен во областа на дигиталната маркетинг кариера, важно е да не заборавиш да ги искористиш и подобриш твоите вештини додека напредуваш на нови возбудливи позиции.

Ова се најважните вештини кои ќе ги стекнеш за време на 2 месечната програма на Monday Learning. Со совладување на истите и чекор по чекор асистенција од нашите ментори, веќе си чекор поблиску да започнеш со работа како дигитален маркетер. Уписите за тренингот за дигитален маркетинг се во тек. Резервирај место тука.