fbpx
Monday LearningГрафички дизајн За првиот работен месец како графички дизајнер на Мартин Петровски
graficki dizajn

За првиот работен месец како графички дизајнер на Мартин Петровски

Два месеци од завршувањето на првата група графички дизајнери во Monday Learning, и веќе го имаме првиот почетник кој се вработи како графички дизајнер. Горди сме на Мартин Петровски. Денес ни го раскажува неговиот пат до новата кариера.

За Мартин

Јас сум Мартин Петровски. Имам 25 години и сум од Битола. Пред да се запишам на програмата за графички дизајн, студирав Психологија. Но отсекогаш сакав моите гледишта на светот и се што ме опкружува да ги изразувам на креативен начин. Имав неколку обиди да учам на своја рака, но ми фалеше таа интеракција и комуникација на релација ментор и студент. Бев упорен и не сакав да се откажам од остварување на мојата желба и цел, и баш кога почувствував дека е крајно време да вложам во себе си, го пратев предавањето на Мартин Цветановски кое се одвиваше на YouТube, кое беше како вовед во тренинг програмата. Предавањето имаше многу големо влијание во носењето на мојата одлука, да се запишам на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning.

За учењето графички дизајн на еден комплетен почетник

Може да се речи дека започнав од нула, имав некакви минимални познавања од дизајн, но не беа ни блиску до познавањата и вештините кои ги поседувам сега. Можам да кажам дека брзо ги совладав алатките, а најголемо влијание на тоа имаа менторите кои нѐ водеа низ целата програма. Со организираноста и начинот на кој ни го интерпретираа материјалот научив многу, а најголем удел имаа работилниците на кои изработувавме решенија за реални клиенти. Со самото тоа ги вежбавме алатките и во тие моменти најмногу го развив своето размислување како дизајнер. Секој модул на програмата е приказна за себе. Почнувајќи од историјата на дизајнот, design thinking, софтвери, лого дизајн па до дизајн за печатење се е многу корисно и директно применливо на работното место.

За првиот работен месец како графички дизајнер

Синпекс е компанија која постои повеќе од 30 години, главно се занимава со застапување, продажба и сервисирање на производи како машини, механизација и опрема наменети за општа употреба, земјоделство, шумарство и градежништво. Таму работам во одделот за маркетинг како графички дизајнер. Мојот прв работен месец во Синпекс, главно се одвиваше во запознавање подетално на материјалите кои ги изработува маркетинг одделот и запознавање со мојата идна дејност во компанијата. Со помош на моите вештини кои ги стекнав како студент на програмата на Monday Learning, лесно влегов во ритам со адаптирањето и веќе работам на графички дизајни.

За сите идни дизајнери

Во знаење секогаш вреди да се инвестира и време и средства. На сите кои што сакаат да го направат првиот чекор кон променување професија или пак само сакаат да се надградат себе си, им препорачувам да не се размислуваат премногу да превземат таков чекор. Никогаш не е доцна за нови знаења. Секој треба да го учи или работи тоа што ги исполнува, и да ужива во истото.

Monday Learning e тренинг центар за дигиталени вештини кој организира програми од областа на графички дизајн и дигитален маркетинг. Пријави се за некоја од следните обуки кои започнуваат во март тука.