fbpx
 ✓ 2 месеци  Online Почеток на нова група: април 2023

Научи дигитален маркетинг.

2 месечна тренинг програма за дигитален маркетинг на која ќе научиш да ги користиш најбараните дигитални алатки, техники и канали за ефикасно управување со бизнис и водење на маркетинг кампањи од почеток до крај.

Резервирај место
Marketin IMAGE 2 people copy

Програма

Digital marketing Fundamentals

Digital Marketing Fundamentals & Digital Strategy

Што е дигитален маркетинг и зошто е толку популарен?

Ќе учиш како да се подготвиш за креирање маркетинг кампањи за клиенти, ќе ја спознаеш разликата меѓу традиционален и дигитален маркетинг и ќе знаеш како да стигнеш до крајниот корисник преку дигитални медиуми.

Content Marketing

Што е содржински маркетинг и како се креираат добри содржини?

Ќе учиш како да ја оживееш приказната на еден бренд на сите дигитални платформи. Ќе научиш да создаваш различни типови на содржини и ќе дознаеш како да ја зголемиш публиката на еден бренд преку креирање квалитетни содржини.

Digital Marketing - social media marketing

Social Media Marketing & Advertising

Што значи маркетинг на социјални медиуми и кои се најдобрите практики?

Ќе учиш како да креираш платени кампањи за различни социјални медиуми преку соодветните платформи, соодветно да ги мериш резултатите и правилно да ги оптимизираш за да го извлечеш нивниот најдобар перформанс.

Digital marketing Landing Pages

Landing Pages & Email Marketing

Како се креираат лендинг страни и како се прават емаил маркетинг кампањи?

Ќе учиш да креираш целосно функционална страна во сервис за градење лендинг страни. Ќе креираш кампања за привлекување нови корисници кои соодветно ќе ги сегментираш и таргетираш преку email маркетинг автоматизации.

Search Engine Marketing

Што значи Search Engine Marketing и кои платформи се користат?

Ќе развиеш вештини за ефективно користење на Google Ads алатката и плаќање по клик. Ќе научиш како да оптимизираш Google Ads кампањи, да следиш конверзии и да го измериш повратот на потрошени средства за реклама.

Search Engine Optimization

Што значи оптимизација на пребарувачот и како да започнеш?

Ќе научиш како функционира оптимизацијата на пребарувачите, како да правиш анализа на клучни зборови и како да ја подобриш видливоста на веб страницата користејќи соодветни алатки и тактики.

Пријавите се во тек.

Програмата започнува во месец aприл 2023.
Целосната сума изнесува 25.000 мкд.
Предавањата ќе се одвиваат ONLINE.
Местата за програмата се ограничени.
Учесниците ќе добијат сертификат за успешно завршена обука.

Резервирај место

01 Кога, каде и колку ќе траат наставните програми?

Тренинг програмата за дигитален маркетинг ќе започне во април 2023 и ќе трае 2 месеци. Часовите ќе се одвиваат 3 пати во неделата со почеток од 18:00 часот. Предавањата ќе се одвиваат ONLINE.

04 За кого е наменета тренинг програмата?

За студенти кои сакаат да научат практични вештини за работа; за сопственици на мали бизнси кои сакаат да научат како да продаваат преку дигитални канали; за секој кој што сака да стекне дополнителни вештини и да напредува на работното место.

04 Колку изнесува цената на тренинг програмата?

Цената на тренинг програмата за дигитален маркетинг изнесува 25.000 денари и постои можност за плаќање на 4 рати без камата.

03 Дали треба да имам претходни познавања од маркетинг?

Не, не е потребно претходно искуство. Но, бидејќи станува збор за дигитални алатки и вештини, потребно е да имаш основни знаења како да користиш компјутер, да отвориш електронска пошта и да се приклучиш на Интернет.

04 Кои се можностите после завршување на тренингот?

После завршувањето на програмата ќе се стекнеш со практични знаења од најбараните области во дигитален маркетинг, кои ќе бидат почетна точка за започнување нова професија или напредок на твоето моментално работно место. Дополнително тимот на Monday ќе ти помогне да направиш професионален Linkedin профил и портфолио. Сите студенти кои успешно ќе го завршат курсот ќе добијат сертификат за учество.