fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Топ 3 дизајни на кориснички интерфејс изработени од учесниците на програмата за графички дизајн
UI dizajn

Топ 3 дизајни на кориснички интерфејс изработени од учесниците на програмата за графички дизајн

4 месечното интензивно учење дизајн го продолжуваме со модулот Вовед во UI (дизајн на кориснички интерфејс). Студентите освен што ги совладаа основите на Adobe Xd, креираа и одлични концепт дизајни за 2 различни клиенти.

Користејќи ги вештините и алатките кои ги стекнаа во текот на целата програма, со првично истражување и анализа, учесниците во Adobe Illustrator креираа своерачни иконки и графики кои понатаму ги искористија во нивниот дизајн на кориснички интерфејс изработен во Adobe Xd. Во Adobe Photoshop креираа стилистички мокапи за модерна и јасна визуелна презентација на нивните решенија.

Ги издвојуваме трите најдобри дизајни од овој модул:

Концепт дизајн за онлајн продавница за облека изработен од Ана Гегова

Модерен и чист дизајн, кој истовремено доловува премиум изглед на брендот. Согласно квантитетот на производите, Ана успева да изгради решение кое е интуитивно и лесно за користење, прикажувајќи ги моделите на јасен и стилски дизајн. Во дизајнот користени сe своерачно нацртани иконки и симболи.

Концепт дизајн за веб страна за бренд на кафе изработен од Мариана Ристевска

Првиот контакт на корисникот со веб страната треба да раскаже приказна. Во своето решение Мариана уште на почетната страна преку дизајнот успева да го доближи брендот до корисниците, користејќи фотоманипулации и природни нијанси. Користени се напредни алатки и техники во Adobe Photoshop за креирање на фотоманипулациите со кои успешно е ставен производот во соодветен контекст.

Концепт дизајн за веб страна изработен од Мартин Петровски

Минимален пристап и модернистички дизајн на веб страна. Со елегантно користење на белиот простор и правилна употреба на контрастни бои и различни големини на типографија изградена е суптилна хиерархија на веб страната. Ставајќи акцент на содржината, решението има одличен кориснички интерфејс кој лесно ги води корисниците низ приказната за брендот.

Ако сакаш и ти да научиш брзо и ефикасно да креираш целосни дизајн решенија, приклучи се на следната група дизајнери кои почнуваат во септември. Аплицирај тука.