fbpx
 ✓ 3 месеци  Online  650евра

Научи графички дизајн.

3 месечна тренинг програма за графички дизајн на која ќе ги научиш најбараните вештини и алатки, притоа создавајќи професионално портфолио со проекти од неколку различни клиенти.

Резервирај место
Учесници

Програма

Istorija na dizajn

Вовед во графички дизајн

Кои се основите на дизајн?

Ќе се запознаеш со концептот на графички дизајн и ќе ги разбереш визуелните односи што ќе ти помогнат да комуницираш преку дизајнирани форми.

elementi i principi na dizajn

Елементи и принципи на графички дизајн

Текст, фотографија, илустрација. боја, контраст, хиерархија, ритам.

Ќе ги разбереш елементите од кои е изградена визуелната комуникација. Ќе научиш како функционално да ги користиш принципите на дизајн. Практично ќе ги примениш овие елементи и принципи на проект.

Adobe Ilustrator

Што е Adobe Ilustrator, за што се користи и како функционира?

Преку практична работа со изработка на лого, форми и карактери ќе ги научиш алатките и опциите на Adobe Illustrator и ќе можеш да дизајнираш визуелно решение од почеток до крај.

Logo Dizajn

Лого дизајн

Како се креира лого од почеток до крај?

Ќе научиш како да ја разработиш идејата од концепт до презентација, па се до финално лого - притоа работејќи со Adobe Illustrator.

Визуелен идентитет

Како се прави успешен брендинг за компанија и кои се најдобрите практики?

Ќе работиш со клиент креирајќи целосен визуелен идентитет, почнувајки од бренд стратегија, лого дизајн, бои, промо материјали, дизајн за социјални медиуми и секој чекор во процесот на креирање успешен, препознатлив бренд идентитет.

PHOTOSHOP

Adobe Photoshop

Што е Photoshop, за што и како се користи?

Ќе ги научиш најмоќните функционалности на Adobe Photoshop. Ќе научиш да креираш визуелни решенија и фотоманипулации, користејќи основни и напредни функции и техники.

Дизајн за социјални медиуми и маркетинг

Како до успешни визуелни решенија за маркетинг?

Ќе научиш да креираш графички решенија за маркетинг на дигитални медиуми и визуелно да ја искомуницираш вредноста на брендот преку креативни форми и дизајни.

Дизајн за печатење и дизајн на пакување

Кој е процесот на креирање дизајн за печатење и дизајн на пакување?

Ќе научиш што значи дизајнирање за печат, кои се техниките на печатење какви формати на дизајни за печатење постојат и како да ги креираш од почеток до крај според дадена идеја од клиент.

Вовед во UI

Кои се основите на дизајнирање на кориснички интерфејс?

Ќе ги научиш основите на креирање корисничко искуство преку истражување, анализа и дизајн на соодветен кориснички интерфејс во Adobe XD.

Инструктори

kiril krug 2

Кирил Гагачев

Графички дизајнер со повеќе од 20 години искуство и голем број признанија и награди на лого дизајн конкурси. Сопственик на Ортограф графичко студио.
Zlatko Nikodinovski

Златко Никодиновски

Дизајнер со експертско искуство во подготовка за печат, дизајн на пакување и печатарски техники. Креативец одговорен за развивање на голем број домашни и странски брендови.
Martin Cvetanovski

Мартин Цветановски

Графички инженер и дизајнер со 10 годишно искуство работа во ИТ компании и маркетинг агенции. Ко-основач на Monday дигитална агенција, експерт за брендинг, принт и дизајн за маркетинг.
Еми

Емилија Ристевска

Дизајнерка во креативна агенција Monday со големо искуство во дизајн за социјали медиуми и Adobe Photoshop. Одговорна за графички дизајн на над 30 компании.
Благој

Благојче Кузевски

Креативен директор со долгогодишно искуство во ИТ компании и брендинг агенции. Експерт за визуелен идентитет, лого дизајн и UX дизајн.

Пријавите се во тек.

Новата група започнува во април 2024.
Целосната сума изнесува 650 евра.
Предавањата ќе се одвиваат ONLINE.
Местата за програмата се ограничени.
Учесници ќе добијат сертификат за успешно завршена обука.

Резервирај место

01 Кога, каде и колку ќе траат наставните програми?

Тренингот за графички дизајн ќе започне во април 2024 и ќе трае 3 месеци. Часови ќе има 3 пати во неделата со почеток од 17:30 часот. Предавањата ќе се одвиваат online.

02 Колку изнесува цената на тренинг програмата?

Цената на тренинг програмата за графички дизајн изнесува 650 евра. Постои можност за плаќање на 4 рати без камата.

03 Дали треба да имам претходни познавања од дизајн?

Не, не е потребно претходно искуство. Но, бидејќи станува збор за дигитални алатки и вештини, потребно е да имаш основни знаења како да користиш компјутер, да отвориш електронска пошта и да се приклучиш на Интернет.

04 Кои се можностите после завршување на курсот?

Преку работа на најмалку 5 различни клиенти, сработените проекти ќе ги вметнеш во твоето портфолио. После завршувањето на програмата ќе се стекнеш со практични знаења од најбараните области во графичкиот дизајн. Сите студенти кои успешно ќе го завршат курсот ќе добијат сертификат за учество.