Monday LearningДигитален маркетинг „Програмата за дигитален маркетинг детално ги обработува најважните компоненти кои секој сопственик на онлајн бизнис треба да ги знае“
Magdalena

„Програмата за дигитален маркетинг детално ги обработува најважните компоненти кои секој сопственик на онлајн бизнис треба да ги знае“

Денес поразговаравме со Магдалена Наумовска, учесничка на програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning. Магдалена е сопственик на свој онлајн бизнис за продажба на облека и водена од желбата да може самостојно да креира и имплементира иновативни маркетинг стратегии кои носат резултати, таа се одлучи да биде дел од програмата. Со какви предизвици се соочи Магдалена при работата на својата онлајн продавница и зошто секој сопственик на мал бизнис треба да вложи време во дигитален маркетинг, ќе ни раскаже самата.

Здраво Магдалена! Беше дел од минатата група за дигитален маркетинг во Monday Learning. Што беше клучно да се запишеш на програмата?

Иако имав некои предзнаења во областа на дигитален маркетинг, никогаш немав можност да го проверам тоа мое знаење и да го употребам во пракса. Тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning ми го овозможи тоа и ме научи како правилно да ги користам сите дигитални алатки, техники и канали за ефикасно управување со бизнисот. Сето тоа навистина ми помогна да ги согледам грешките кои што сум ги правела претходно и истите да ги избегнувам во иднина за мојот бизнис.

Една од причините поради која се запиша на Monday Learning е да можеш самостојно да работиш маркетинг стратегии за твојата онлајн продавница. Колку е важно за еден почетник во бизнис да има онлајн присуство?

За да можеш самостојно да работиш маркетинг бара сериозна посветеност, како и секојдневно надоградување на знаењето. Кога станува збор за тоа колку е важен маркетингот за еден бизнис, од досегашното искуство можам слободно да кажам дека тоа е и основата/темелот на еден бизнис.  Денес е многу важно секој тип на бизнис да изгради онлајн присуство на пазарот, бидејќи единствено така побрзо се стигнува до потенцијалниот клиент. Корисниците сакаат информации и продукти до кои ќе стигнат брзо и лесно. Работата на дидиталните маркетери е да го овозможат токму тоа за нивната целна публика.

Дали мислиш дека е неопходно секој сопственик на бизнис да поседува дигитални знаења?

Секој кој се одлучил да води било каков бизнис, мислам дека треба да има барем основно познавање од платформите кои денес се нешто што секој од нас ги користи. Секако дека најзначајно е да се има квалитетен производ, но за да напредувате со истиот мора да имате и квалитетна маркетинг стратегија.

Како стекнатото знаење од програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning ти помогна во пракса, во поглед на зголемување на онлајн продажбата за твојата продавница за облека?

Ќе се надоврзам на одговорот од претходно. Програмата на Monday Learning дефинитивно ме научи дека секоја опција на дигиталните алатки треба да се испроба, да се тестира и тековно да се мери и подобрува перформансот на кампањите. На програмата научив на кои компоненти од дигиталниот маркетинг треба да се посвети повеќе внимание, секако дека е различно според природата на бизнисот. Најважната работа која ја совладав е како предвидениот буџет за платено рекламирање да се троши правилно за да се стигне до посакуваните резултати.

Што би им препорачала на другите сопственици на бизниси кои сакаат да се едуцираат во дигитален маркетинг за да придонесат кон успешно развивање на бизнисот?

Морам да кажам дека програмата детално ги обработува најважните компоненти кои секој еден сопственик на бизнис треба да ги знае. Многу е важно да знаете дали вашиот бизнис се движи во посакуваната насока. Програмата е доста прилагодлива и треба секој да си овозможи да научи нешто повеќе. Не може да имате успешен бизнис, доколку сте чекор поназад од конкуренцијата. Мислам дека вложувањето да научите нешто плус, е само чекор поблиску до замислената цел.

Уписите за програмата за дигитален маркетинг се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место тука. Стекни знаења за дигитален маркетинг на интензивна програма преку детално изучување на најбараните дигитални алатки, техники и канали за ефикасно управување со бизнис и водење на маркетинг кампањи од почеток до крај.