fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Monday Learning со нова тренинг програма за фриленсери во соработка сo Impact Foundation и RECONOMY програмата

Monday Learning со нова тренинг програма за фриленсери во соработка сo Impact Foundation и RECONOMY програмата

Во последните години, забележуваме значителен раст на фриленсери во нашата земја и пошироко. Мнозинството намерно избира хонорарен начин на живот. Ова не е изненадувачки, кога ќе ги земеме во предвид придобивките и слободата кои ги носи фриленс културата со себе.

Не преувеличуваме кога ќе кажеме дека е време на фриленсери.  Дури и со предизвиците со кои се соочуваат хонорарците (како непредвидливоста на приходот и недостатокот на бенефиции), сѐ повеќе работници или целосно ги напуштаат своите традиционални работни места во корист на пофлексибилен распоред или ја задржуваат сигурноста на постојаната позиција додека „работат на страна.“

Гледаме како се повеќе луѓе покажуваат интерес кон овој начин на работа но, тука се поставуваат прашањата: Како да започнам? Каде да го пронајдам мојот прв клиент? Како да изградам успешен и компатибилен фриленс профил?

Организацијата Impact Foundation ги адресира овие прашања во рамки на RECONOMY проектот за поддршка на млади луѓе во започнување на кариера како фриленсери. RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Monday Learning официјално е дел од тренинг центрите кои во соработка со Impact Foundation ќе обучуваат нови амбизиозни фриленсери. 

Нашата мисија со оваа тренинг програма за фриленсери, е да овозможиме самовработување и полесно стигнување до првите кариерни можности на учесниците од нашите програми. Целта е преку интегрирана практична обука, да ги подготвиме новите фриленсери да ги започнат своите кариери правејќи ги одржливи, самоуверени и независни.

Тренинг програмата за фриленсери е наменета за сите моментални и идни учесници на нашите програми за графички дизајн и дигитален маркетинг и е целосно бесплатна. Програмата ќе биде прилагодена за луѓе кои имаат вештини за графички дизајн, дигитален маркетинг и дизајн на UX/UI, но и за оние кои моментално бараат начини да почнат да учат нови дигитални вештини и сакаат повеќе да се запознаат со концептот на хонорарна работа.

Тренингот ќе го водат професионалци ментори кои се експерти во својата област и самите имаат големо хонорарно искуство.

Што се добива на тренинг програмата за фриленсери?

  • Сеопфатни практични предавања

Секој час ќе опфаќа различен сет на тактити и стратегии кои ќе му помогнат на секој учесник во почетокот на неговата фриленс кариера. Благодарение на искусните ментори, секој учесник ќе има шанса да се запознае со процесот на фриленсерство преку реални и практични примери.

  • Конкретни чекори кои носат успешна фриленс кариера

За време на лекциите, учесниците ќе научат кои конкретни чекори да ги превземат. Ќе ги совладаат алатките за градење на сопствен бренд. Соодветно ќе ги оптимизираат профилите и ќе научат како да комуницираат со клиент. Ќе развијат присуство на фриленс платформите и ќе се запознаат со начините за поврзување со релевантни професионални заедници. Студентите од тренинг програмата за графички дизајн ќе научат како да креираат свое портофолио на Behance.

  • Еден на еден менторство

Студентите ќе работат под индивидуално менторство на професионалец во областа, добивајќи насоки и препораки како да бидат проактивни и да користат успешни тактики за брендирање; како до брзо и лесно градење на професионално CV и портфолио и како до креирање и оптимизирање на добар LinkedIn профил.

Кои се бенефитите од кариера како фриленсер?

  • Повеќе слобода
  • Работиш за себе
  • Флексибилно работно време
  • Целосна контрола врз заработката
  • Подобрен сет на вештини

Биди дел од новата генерација креативци кои имаат целосна слобода врз кариерниот пат. Уписите за програмата за графички дизајн и програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning се во тек. Инвестирај во своето знаење и стекни ги најбараните дигитални вештини и алатки. Резервирај место тука.