fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Со интензивен тренинг за графички дизајн и дигитален маркетинг до прв работен ангажман во креативните индустрии

Со интензивен тренинг за графички дизајн и дигитален маркетинг до прв работен ангажман во креативните индустрии

Ристенка беше дел од априлската програма за графички дизајн, моментално ја слуша и програмата за дигитален маркетинг, а од неодамна се приклучи како практикант за социјални медиуми во маркетинг тимот на Monday Digital Agency. Денес ни раскажува за нејзиното искуство со програмата во Monday learning и за тоа како се снаоѓа во новата работа!

„Програмите на Monday Learning ми помогнаа за многу кратко време да ги совладам сите вештини кои ми беа потребни и покрај тоа што немав претходни познавања во овие области. Сето ова благодарение на менторите со долгогодишно искуство во својата работа, нивната посветеност и организираност. Моментално како практикант во Monday и студент на програмата за дигитален маркетинг имам можност сѐ она што го учам од предавањата да го применам и практично. Сметам дека ова е многу добар начин на учење, зошто е многу подобро кога теоретскиот дел имаш можност и практично да го покажеш. Во Monday работам со тим кој секојдневно ме мотивира и ми помага. Имаме меѓусебно разбирање и одлична работна атмосфера. 

Да се учи и да се работи графички дизајн или дигитален маркетинг сметам дека е навистина интересно и пред се многу креативно.

Сѐ уште ја следам програмата за дигитален маркетинг, полека но сигурно се пронаоѓам во ова креативно поле. Засега не би можела да издвојам во која од овие две индустрии повеќе се пронаоѓам. Но, сигурна сум дека по завршувањето на програмата ќе имам поконкретна претстава и појасна слика. Па можеби тогаш би се одлучила за една, или пак би ги комбинирала вештините од двете професии заедно.

Од програмите во Monday Learning може да се научат сите вештини кои ви се потребни, за да станете иден графички дизајнер или пак иден дигитален маркетер.

Графичкиот дизајн е уметност која му дава живот на дигиталниот маркетинг. Игра важна улога во издигнување на маркетинг стратегија и токму поради тоа е од голема важност за еден дигитален маркетер да има познавање и од областа на графичкиот дизајн. Она што досега го научив на програмата за дигитален маркетинг ми помогна многу при креирањето на квалитетна, интерактивна и релевантна содржина за социјални медиуми. А со тоа и да ја привлечам целната публика на компанијата кон брендот. Но, сепак имаме уште многу за учење до крајот на програмата, и сигурна сум дека ќе стекнам уште многу вештини кои ќе го збогатат моето досегашно знаење.

Работата како практикант во Monday ме исполнувa.

Работам со тим кој секојдневно ме мотивира и ми помага за време на мојата пракса. Имаме меѓусебно разбирање и одлична работна атмосфера. Сето она што го учам на програмата за дигитален маркетинг, паралелно го применувам во мојата практична работа и секојдневно се трудам да ги подобрам и усовршам моите знаења. Тимот на Monday е секогаш подготвен да ми помогне и да ме насочи кон она што е најдобро. Искрено, за 5 години отсега би сакала да сум сѐ уште дел од оваа компанија, како некој со повеќегодишно искуство и големо знаење во областа на дигиталниот маркетинг.“

Уписите за програмата за дигитален маркетинг и програмата за графички дизајн се започнати. Стекни нови знаења и дигитални вештини од вистински професионалци кои со задоволство ќе го споделат нивното знаење и искуство. Резервирај си место тука