Креативните pешенија на студентите oд Monday Learning на модулот дизајн за печатење
Модулот дизајн за печатење под менторство на Златко З‘лте Никодиновски е дел од интензивната 3 месечна тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning. Под менторство на овој експерт за дизајн на печат со 20+ годишно искуство студентите имаат можност да го усовршат процесот на креирање дизајн за печат и да научат какви формати и техники се користат при подготовка за печатење.
Во оваа блог објава ја откриваме важноста на модулот за печатење и ви претставуваме дел од дизајните за печат кои студентите на Monday Learning ги изработија за време на најинтересниот модул на програмата.
Модулот дизајн за печатење е клуч за успешна кариера во графичкиот дизајн
Во суштина, овој модул е витален за секој иден графички дизајнер бидејќи ги обезбедува знаењата и вештините кои се потребни за успешно справување со предизвиците во индустријата. Дизајнот за печат и пакување е еден од најклучните процеси за подготовка на производот за дистрибуција и продажба, и бизнисите денес постојано се во потрага по графички дизајнери кои умеат да креираат иновативни и уникатни креативни решенија за нивните производи. Па така, графичките дизајнери секојдневно стануваат незаменлив дел од тимовите на компаниите, придонесувајки не само во зголемување на атрактивноста на производите, туку и во создавањето на препознатлив и брендиран идентитет.
Во рамките на модулот за дизајн на печатење, студентите преку практични примери и вежби се запознаваат со најновите трендови и техники за дизајн печатење и пакување, обезбедувајќи креативни решенија кои ќе придонесат за зголемување на успешноста на производите на пазарот.
Што ќе научиш на модулот за дизајн на печат и пакување?
Модулот дизајн за печатење ги опфаќа специфичните техники на дизајн и припрема за печатење, како колор сепарации и работа со пантони, и ги запознава студентите со најважните печатарски техники. Фокусот е ставен на процесот на дизајнирање креативни и ефективни решенија за принт и професионална припрема на фајлови за печат како: флаери, постери, дизајн на промо материјали, дизајн на ќеси за производи, дизајн на етикети и слично.
На сликите во овој блог се претставени дизајни кои студентите од програмата за графички дизајн ги креираа како дел од вежбите и проектите во рамките на модулот за дизајн на печат и пакување. Преку работата на овие вежби и проекти, студентите имаа можност практично да ги применат стекнатите познавања и специфичните техники и правила за припрема на дизајни за печатење.
Дополнително како дел од модулот за дизајн на печатење, студентите имаат можност да научат како професионално се дизајнира според штанц форма. Процесот на дизајнирање според штанц форма е клучен за правилно печатење и изработка на различни пакувања изработени од картон, етикети со специфични форми или промотивни материјали кои треба да имаат уникатна форма и изглед. Воедно, на овој модул студентите учат како да ги дизајнираат овие атрактивни и функционални дизајни вклучувајќи го и аспектот на брендирање и маркетинг во нивните креации.
Во целост, модулот за дизајн на печатење им обезбедува на студентите комплетно разбирање за важноста на техничките аспекти на дизајнот и нивната примена во пракса, особено во областа на печатењето и пакувањето, подготвуваjки ги за успешна кариера во областа на графичкиот дизајн.
Биди дел од интензивната тренинг програма за графички дизајн на која ќе добиеш знаења и вештини кои ќе те донесат чекор поблиску до успешна кариера во креативната индустрија.