fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Дизајните на Габриела Трпчевска од 3 месечната тренинг програма за графички дизајн
Дизајните на Габриела

Дизајните на Габриела Трпчевска од 3 месечната тренинг програма за графички дизајн

Учесниците на интензивната 3 месечна тренинг програма за графички дизајн во Monday Learning ни раскажуваат за нивните искуства од изучување на програмата и ги споделуваат нивните најкреативни дизајни. Габриела Трпчевска e една од учесничките на тренинг програмата за графички дизајн. Таа веќе неколку месеци е и дел од дизајн тимот на Monday креативната агенција, и во оваа блог објава, Габриела ги споделува со нас искуство од процесот на изучување на графички дизајн во Monday Learning и нејзините омилени дизајни.

„Отсекогаш сум била голем љубител на уметноста и секогаш ме привлекувало тоа да создавам нешто иновативно и креативно.”

Токму од тука изникна таа привлечност кон полето на графичкиот дизајн и желбата да почнам да го учам истото. Тренинг програмата на Monday Learning ми изгледаше како доста прималив предизвик, а воедно и да си ја испробам својата креативност и во светот на графичкиот дизајн. 

„Уште од првиот час бев фасцинирана од сите можности кои ги нуди програмата.”

Од графичкиот дизајн слободно можам да кажам дека омилена алатка ми е Photoshop. Најинтересно ми е кога работам на фотоманипулации, бидејќи во тој креативен процес се чувствувам најслободна и најсигурна. 

„Тренинг програмата ми помогна да разберам како функционира работата во графичкиот дизајн.”

Тренинг програмата навистина ја постигна својата цел, односно ми помогна да разберам како функционира работата во графичкиот дизајн и како најлесно да ја разберам таа визуелна комуникација. Програма за графички дизајн на Monday Learning од еден заинтересиран човек којшто сака да учи графички дизајн, навистина може да направи почетник во ова поле којшто ги разбира принципите на дизајн и може самостојно да работи и да решава дизајн проблеми со различни клиенти. 

„Моето искуство во Monday Learning е навистина одлично!”

Пред се научив многу за графичкиот дизајн и преку предавањата на менторите и преку вежбите и реалните проекти на кои работевме. Потоа навистина сакам да ги споменам и прекрасните ментори коишто даваа одличен и целосен фидбек на сите наши изработени проекти и секогаш беа тука за поддршка и совет за понатамошното продолжување со графичкиот дизајн. Би им препорачала на сите оние коишто размислуваат дали да почнат да учат графички дизајн да го направат тоа и да не се двоумат да пробаат нешто ново, а Monday Learning е вистинското место да го направат тоа.

Уписите за тренинг програма за графички дизајн на Monday Learning се во тек! Пријави се денес.