fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Ментори во Monday Learning: Златко Никодиновски експерт за Дизајн за печатење

Ментори во Monday Learning: Златко Никодиновски експерт за Дизајн за печатење

Златко Никодиноски е дизајнер со 20 годишно работно искуство и дел од тимот на ментори во Monday Learning. Златко е вистински експерт во подготовка за печат, дизајн на пакување и печатарски техники. Како дел од тимот на ментори во Моnday Learning на тренинг програмата за прафички дизајн Златко предава на модулот за дизајн за печатење и пакување. На неговиот модул ќе имаш можност кој е процесот на креирање дизајни за печатење и пакување преку многу практични примери.

Во овој блог, Златко ни раскажува за неговите искуства, која е важноста на неговиот модул, и како изгледа еден час со него.

Секоја идеја се раѓа и развива на бел лист хартија.”

Кога станува збор за важноста на овој модул и за тоа колку треба еден дизајнер да има знаење за дизајн за печатење, сметам дека „дизајнерот“ треба да знае „се”. Пред да постојат социјалните медиуми, графичкиот дизајн како занает се среќава во печатената индустрија, која и ден денес е основа за креација, сенс, идеја. Колку повеќе ги познаваш и ги владееш алатките, полесно ќе дојдеш до решение на визуелната проблематика. Па од тука, сметам дека е секој кој сака да се занимава и работи како „графички дизајнер“ треба да се подготви со знаења за печатењето.

„Графичкиот дизајн како професија која е дел од мене.”

Моето портфолио не е обновено со нови проекти подолг период, бидејќи немам време за тоа. Не сум горделив лик за да одвојам посебни проекти. Графичкиот дизајн е професија која е дел од мене и работа од која живеам. Сметам дека најдобрите проекти се секогаш оние најплатените. Во моето портфолио може да се види што имам работено во минатото, па можеби ќе стигнам да ставам нешто ново во скоро време.

„Печатените материјали се повеќе се намалуваат во дигитална ера.”

Многу списанија, весници, магазини, стручна литература веќе не се печати, туку е во дигитална верзија. Но за нас дизајнерите тоа мене не менува многу затоа што работата е иста, но во печатарската индустрија тоа прави огромна разлика.

„Фактот дека од тренинг програмите веќе има и вработени колеги ме прави посебно среќен.“

Менторството за мене беше нов предизвик и многу добро искуство. Ми беше предизвик успешно да спакувам сѐ за учесниците да можат лесно да ме разберат. Важно ми е да увидам дека учесниците знаат за што зборувам и секогаш се враќам на нејаснотиите и се трудам да ја поедноставам материјата. Скоро сите што се запишале на тренинг програмата за графички дизајн веќе се знапознаени со тоа што сакаат да научат, присутни се, активни и ја следат програмата до крај.

Вака изгледа еден час со мене:

За часовите од мојот модул би рекол дека се многу едноставни. Гледам да се држам до програмата која ја имам поставено и измеѓу процедуралниот предавања знам да извадам нешто смешно што ми се случило, внимавајќи да не откријам многу детали околу фирмата или клиентот. 

Правам паралели и раскажувам мои мислења базирани од искуство. Изнаоѓам начини за инспирација, начини на работа и ги кршам правилата и стереотипите. Се обидувам да ги мотивирам учесниците и да ги натерам да размислуваат. Сметам дека така најдобро можам да ја пренесам сликата за еден иден графички дизајнер.

Приклучи се на следната група дизајнери кои почнуваат во април 2024. Аплицирај тука.