fbpx
Monday LearningДигитален маркетинг Како е да се биде дел од светот на дигиталниот маркетинг? – Зборувавме со Маја Петровска учесник на тренинг програмата за дигитален маркетинг

Како е да се биде дел од светот на дигиталниот маркетинг? – Зборувавме со Маја Петровска учесник на тренинг програмата за дигитален маркетинг

Зборуваме за светот на дигиталниот маркетинг со учесниците на тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning. Денес, Маја Петровска ни раскажа како нејзината креативна страна ја користи за да сврти нова страница во животот и да зачекори во нова кариера.

Секојдневните инспирации на еден маркетер

По природа сум креативна личност. Од секогаш сум сакала да направам од ”ништо” – нешто. Главна пасија ми е фотографирањето, уживам да ја истражувам и фотографирам природата. Започнав нова страница во животот, па сакав да ја испишам со нешто ново, нешто што ме прави среќна и исполнета. Инспирација црпам од секојдневниот живот, се она што ме опкружува. Денес, во тренд се социјалните мрежи и рекламирање на бизниси на социјалните мрежи. Токму затоа, без добар маркетинг на социјалните мрежи, нема добра реклама. Сакав да ”ѕирнам” што се крие зад сето тоа, па така започна се..

Основните вештини кои треба да ги поседува еден маркетер

Најпрво, мислам дека треба да има силна желба за учење нови работи, да не се плаши да научи нешто ново, бидејќи се што учиме може да доведе до напредок и успех. Да биде креативен. Оваа карактеристика е моќна предност што може да ја има еден маркетер. Треба да умее да излезе од зоната на комфорот, да не се плаши да експериментира, па така да ја разбуди креативноста во себе. Да е во тек со новите маркетинг трендови, континуирано да учи и да следи се што е ново.

Како се информира за новите маркетинг трендови еден маркетер

Дигиталниот маркетинг е индустрија која се менува секојдневно. Нема никаква гаранција дека она што денес е актуелно, ќе го задржи својот тренд и во иднина. Имам голем интерес и љубов кон дигиталниот маркетинг, па така моја обврска е континуирано да се информирам, да читам и да истражувам. Тоа ми помага да бидам во тек со сите нови маркетинг трендови и технологии.

За искуството во Monday Learning и совет кон новите маркетери

За дигитален маркетинг се одлучив затоа што е динамично поле, а јас не сум личност што сака да стои во место. Секогаш учиш нешто ново, се развиваш како на професионално, така и на лично ниво. Ми беше огромно задоволство што бев дел од програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning. Се стекнав со нови знаења во дигиталниот свет, преку практични работилници изработував дизајни и содржини за реaлни клиенти, научив како се прави добра реклама, брзо и лесно ги совладав дигиталните алатки, а за тоа најголема ”вина” има мојот ментор, кој безусловно го споделуваше своето знање и ме водеше низ целата програма. На новите маркетери им препорачувам да не се плашат да излезат од комфорт зона, да бидат упорни и истрајни, само така ќе го реализираат она што го сакаат. Никогаш не е доцна за промена, бидете многу љубопитни, истражувајте, бидејќи светот на дигиталниот маркетинг се менува секојдневно.

Уписите за програмата за дигитален маркетинг се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место тука. Програмата за дигитален маркетинг е интензивна програма со детално изучување на најбараните дигитални алатки, техники и канали за ефикасно управување со бизнис и водење на маркетинг кампањи од почеток до крај.