fbpx
Monday LearningДигитален маркетинг Кариера како маркетинг менаџер после 3 месеци тренинг за дигитален маркетинг – Зборувавме со Мирјана Шоповска учесник на тренинг програмата во Monday Learning

Кариера како маркетинг менаџер после 3 месеци тренинг за дигитален маркетинг – Зборувавме со Мирјана Шоповска учесник на тренинг програмата во Monday Learning

Промената на кариера и одлуката да се учи сосема нова вештина е голем предизвик за секој. Потребна е храбост, посветеност и упорност. На една од тие промени ја сретнавме и Мирјана Шоповска, учесник на програмата за дигитален маркетинг, која после 3 месеци учење и покрај тоа што за време на програмата имаше сосема друга професија, успешно ги совлада предизвиците и започна со работа како маркетинг менаџер во компанијата Нетворкер. Како се развиваше нејзината приказна, ќе ни раскаже самата.

Од сегашна гледна точка, што мислиш дека е клучно за одлуката за промена на кариера?

Oдлуката за промена на работното место ја донесов во моментот кога се почувствував дека сум во комфорт зона. Гледајки карактерно, јас сум човек кој е голем ентузијаст и авантурист. Кога сфатив колку долго време сум во комфорт зоната гледав да најдам начин како да излезам, и за себе да создадам нов предизвик кој ќе ми создаде адреналин, и секако ќе го дефинира мојот професионален развој.

Беше дел од тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning, а исто така ја следеше и програмата за графички дизајн? Како овие вештини што ги стекна ти помогнаа да најдеш нова работа и да влезеш во сосема нова кариера?

Искрено, тренинг програмата за дигитален маркетинг и графички дизајн во Monday Learning се најдобриот избор кој можев да го направам за себе. Долго време истражував различни програми, но сите изгледаа или премногу долги или премногу скапи. Тренинг програмите во Monday Learning се дизајнирани на начин да учиш преку работа. Буквално те спремаат за она што те чека на работното место, интензивни се и за брзо време се стекнуваат многу вештини. На тренинг програмите научив дека секогаш целите кои што ќе ги замислиш можеш и да ги оствариш и дека стравот од неизвесност во овој случај е тотално непотребен. Тренинг програмата за дигитален маркетинг успеа да ме насочи во светот на маркетингот, а темелните предавања на менторите ме подготвија за понатамошно работење.

Денес работиш како маркетинг менаџер во Networker. На какви проекти работиш и што од наученото го применуваш тука?

Networker e компанија која работи со Google Design Sprint методологија и моментално работиме на повеќе проекти, но би сакала да го издвојам Longest Pitch Marathon, настан кој ќе трае 30 часови и каде ќе се претстават над 90 бизнис идеи, од кои најдобрите 5 ќе добијат инвестиција од 25 000 евра. Овој настан е еден од моите поголеми предизвици со кои сум се соочила, но благодарение на тренинг програмата за дигитален маркетинг, многу добро се снаоѓам во делот со social media marketing and advertising како и делот за content marketing и самостојно можам да водам маркетинг кампањи.

Веруваме дека многу идни студенти би имале прашања околу храброста за промена на кариера и преземање на прв чекор кон кариера како дигитален маркетер. Па што би ги советувала ти на кратко, на што треба да се фокусираат најмногу?

Jас би ги советувала никогаш да не се плашат да го превземат првиот чекор за промена на кариера. Светот на дигиталниот маркетинг секогаш прави место за луѓето кои се креативни, и за оние кои сакаат да истражуваат. Сметам дека желбата, упорноста и истрајноста се трите најклучни работи за да се биде добар маркетер. Исто така за време на тренинг програмата значајно е да се фокусираат на работата на реални проекти бидејќи тоа најмногу ќе им користи во понатамошната работа. И секако преку учење од одлични ментори, успехот е секогаш загарантиран.

Уписите за програмата за дигитален маркетинг се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место тука. Стекни знаења за дигитален маркетинг на интензивна програма преку детално изучување на најбараните дигитални алатки, техники и канали за ефикасно управување со бизнис и водење на маркетинг кампањи од почеток до крај.