Дизајните на Aлександра Тодоровска од тренинг програмата за графички дизајн
Графичките дизајнери на Monday Learning ги споделуваат искуствата од три месечна тренинг програма за графички дизајн, нивните омилени модули и најуспешните дизајни кои ги креираа за време на програмата.
Во оваа објава, Александра Тодоровска, учесничка на тренинг програмата за графички дизајн, ни раскажува за нејзините импресии, стекнатите знаења, и постигнатиот успех за време на програмата.
„Mе радува тоа што со помош на графичкиот дизајн можам моите креативни идеи визуелно да ги прикажам.”
Дизајнот ме привлекувал од секогаш. Секаков вид на дизајн. Се воодушевувам на креативноста на човечкиот ум, а воедно и на можностите што ни ги нуди технологијата. Баш тој спој на креативност и технологија ме доведе до графичкиот дизајн. Ме радува тоа што со помош на графичкиот дизајн можам моите креативни идеи визуелно да ги прикажам.
Пред да се пријавам на програмата, веќе почнав да го изучувам графичиот дизајн на еден странски јазик, но сфатив дека имам потреба од дополнителен курс на македонски. Мартин го запознав пред неколку години преку едно бесплатно online предавање и уште од тогаш ми остави одличен впечаток како предавач.
Освен тоа, ја разгледав и тренинг програма за графички дизајн на Monday Learning, како и проектите на претходните учесници на курсот што ги споделувате на социјалните медиуми и заклучив дека програмата е одлично осмислена и дека кај Вас навистина можат да се постигнат импресивни резултати за само 3 месеци. Сите овие причини ме наведоа да се одлучам за тренинг програмата на Monday Learning.
„Уште од првото предавање се вљубив во Photoshop.”
Најмногу сакам да работам во Adobe Photoshop и дизајн за печатење. Во овие два модули забележав најголем прогрес кај себе. Уште од првото предавање се вљубив во Photoshop и затоа ќе го издвојам како моја омилена алатка. Можносите кои што ги нуди Photoshop немаат граница. Јасните и концизни предавања, како и одлично пренесеното знаење и искуство на менторите ми помогна многу лесно да ја совладам алатката.
Од друга страна пак, дизајнот за печатење беше како соочување со реалноста за мене. Тука научив како да дизајнирам за опипливи производи и како сите потребни информации да ги сместам во одредени, зададени димензии, за сето тоа да изгледа естетски убаво, а воедно и читливо и разбирливо.
„Во трениинг програмата научив како да ги пренесам моите креативни идеи во дизајн и преку нив визуелно да искомуницирам со публиката.”
Во трениинг програмата за графички дизајн научив како со примена на принципите да ги пренесам моите креативни идеи во дизајн и преку нив визуелно да искомуницирам со публиката. Сметам дека секој дизајн пренесува некаква порака и затоа овие работи се клучни за еден графички дизајнер.
„Една од најпозитивните работи, а воедно и најголем предизвик за мене, беше работењето на реални проекти.”
Презадоволна сум од посветеноста и пристапот на менторите, кои што преку практични примери одлично знаат да го пренесат своето знаење и искуство. Една од најпозитивните работи, а воедно и најголем предизвик за мене, беше работењето на реални проекти. Ова, заедно со советите од менторите, ми покажа каков би бил мојот работен ден како графички дизајнер во иднина.
Од немање никакво претходно искуство со алатките кои што се користат во програмата, преку многу вложен труд и ентузијазам за учење, стигнав до ниво каде што можам да цртам илустрации, правам фото-манипулации, дизајнирам логоа и дизајни за печатење и социјални медиуми.
Збогатена со нови пријателства, со едно многу големо искуство и пресреќна што бев дел од тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning, се надевам и со задоволство очекувам нови тренинг програми!
За оние што размислуваат за изучување графички дизајн, би им кажала да не размислуваат повеќе, туку веднаш да почнат да учат графички дизајн, а би им препорачала да веруваат во себе, да вложуваат труд и да учат постојано!
И секако, би им ја препорачала тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning!
Стани дел од следната група на графички дизајнери кои започнуваат со изучување на тренинг програмата за графички дизајн во април 2024!
Уписите се во тек! Пријави се тука.