fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Ментори во Monday Learning: Мартин Цветановски експерт за Adobe Illustrator

Ментори во Monday Learning: Мартин Цветановски експерт за Adobe Illustrator

Мартин Цветановски e графички дизајнeр, ко-основач на Monday дигитална агенција, и дел од тимот на ментори во Monday Learning. Со 10 годишно искуство во графички дизајн, Мартин успешно ги пренесува своите познавања за најмоќните функционалности на Adobe Illustrator.

Во продолжение Мартин раскажува за неговата долгогодишна кариера како дизајнер, и неговото искуство како дел од тимот на ментори во Monday Learning, како и интересни детали за тренинг програмата за графички дизајн.

“Првиот контакт со графички дизајн ми беше лого дизајн проект.”

Првиот контакт со графички дизајн ми беше лого дизајн проект на интернет фриленс платформа. Тие првични проекти ми отворија нови хоризонти за понатамошно проширување на знаењата и истражување на графичкиот дизајн. Студирав Графичко Инженерство на техничкиот факултет во Битола, што ми помогна подлабоко да ја запознаам графичката индустрија и професионално да се насочам на мојата кариера. Во текот на студиите го имав и првото работно искуство како графички дизајнер во маркетинг агенција каде што постојано учев нови вештини и ги надградував знаењата.

Работата како графички дизајнер бара многу креативност и иновативност.

Инспирацијата доаѓа од многу места. Според мене, креативноста и иновативноста се постигнуваат со постојано “вежбање” дизајн, истражување и следење на креативци, читање на стручна литература, а верувам и дека малите работи кои секојдневно ги правиме можат да бидат најголемиот извор на инспирација.

„Графичкиот дизајн е многу динамична индустрија.“

Графичкиот дизајн е прогресивна, модерна и барана професија на иднината. Но сепак, не сметам дека графичкиот дизајн како дисциплина ќе претрпи драстични промени во иднина. Кога зборуваме за софтвер или нови технологии кои би се развиле во иднина, тие би можеле да го олеснат процесот на дизајн, но во суштина креативното решавање на проблеми и пристапот од страна на секој графички дизајнер е различно секој пат што го прави графичкиот дизајн како дисциплина едиствен.

“Тренинг програмата за Графички дизајн на Monday Learning има за цел да ги припреми студентите – идните дизајнери за работа.”

Програмата е дизајнирана со фокус на главните и најважни алатки кои се потребни за идните дизајнери да започнат со работа на самостоен графички проект, како фриленсери, во графичко студио или агенција. Осмислени се специфични модули кои се многу барани, а кои често се запоставени во едукативните програми, како “Дизајн за социјални медиуми” и „Дизајн за печатење„ кои се пример за клучни асети на секој иден дизајнер.

После завршувањето на тренинг програмата очекуваме секој од студентите да биде припремен и способен за правилен пристап кон кариерата како Графички Дизајнер и започнување со работа. Со студентите имаме одлична соработка, континуирана комуникација се додека секој не го достигне максимумот. Во овој дел важно е да напоменеме дека програмата е доста пристапна во однос на цената и постојат флексибилни начини на плаќање.

Приклучи се на следната група дизајнери кои почнуваат во април 2024. Аплицирај тука.