Студентите од Monday Learning со визуелни решенија за новата кампања на „Трчај бе“
Следиме и поддржуваме настани кои го будат ентузијастичкиот дух и иницираат активен живот. Па, затоа голема чест ни е што веќе втора година сме дел од визелната приказна на Трчај бе настанот. Среќни сме поради можноста преку ова да влијаеме врз културата во Битола. А со тоа, и да дадеме поттик што е можно повеќе луѓе да се приклучат на иницијативата.
Трчај бе маратонот има за цел да создаде и да им помогне на сите вљубеници во трчањето, да ги поминат своите први и најбрзи километри. Веќе четврта година по ред, Трчај бе ќе го променува животот на битолчани и ќе создаде нова спортска приказна за градот. На 4ти септември, сите патишта водат кон Битола. Доколку и ти си пасиониран тркач или едноставно сакаш да ја почувствуваш еуфоријата да бидеш дел од трката ТРЧАЈ БЕ, пријави се тука.
Трчај бе е наш омилен финален предизвик! Тука секој студент има можност од почеток до крај да ја истакне својата професионалност и креативност. Како дел од програмата за графички дизајн во Monday Learning студентите континуирано работат на проекти кои имаат вистински импакт. Програмата трае 3 месеци и е смислена на таков начин што нуди можност за интензивно учење и развој, со конкретни практични вежби, и работа на реални проекти.
Студентите од програмата за графички дизајн, мотивирачки го прифатија предизвикот да бидат дел од овогодинешната кампања за Трчај Бе. А, нивните креативни решенија ќе ги гледате низ целата кампања и низ улиците на Битола.
Програмата за графички дизајн е фокусирана на најбараните и најрелевантните алатки во графичкиот дизајн. Па затоа, студентите користејќи ги максимално сите алатки кои ги научија на програмата, триумфираа со одлични визуелни решенија.
Нашата мисија во Monday Learning, е да го подготвиме секој учесник да учи за да создава. За тоа да го направиме возможно, тука се реалните проекти. Овие проекти му дозволуваат на секој учесник вистински да ѕирне во светот на работа со клиенти и во тоа како всушност функционираат работите во реалниот свет.
Благодарение на реалните проекти и практичната работа, секој учесник почнува да го гради своето професионално портфолио. Ова му овозможува да ги има веќе првите проекти кои може да ги прикаже на интервју за работа.
Доколку и ти сакаш да бидеш дел од вакви инспиративни проекти и да создаваш визуелни решенија за истите, уписите за програмата за графички дизајн се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место тука.