fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Од скица до финално лого – Што сработија учесниците на тренинг програмата под менторство на Кирил Гагачев

Од скица до финално лого – Што сработија учесниците на тренинг програмата под менторство на Кирил Гагачев

Како дел од програмата за графички дизајн во Monday Learning е модулот за Лого дизајн. На овој модул студентите се запознаваат со процесот на создавање на лого од почеток до крај.

Студентите особено го обожаваат овој модул, бидејќи имаат шанса да учат под менторство на Кирил Гагачев. Кирил е дизајнер со долгогодишно искуство и е познат по својата работа со различни брендови и оригиналните лого дизајни.

За искуството и менторството на Кирил може да дознаеш повеќе тука.

На тренингот за графички дизајн од него научија за историја на дизајн, се запознаа со концептот на графички дизајн и ги разбраа визуелните односи што ќе им помогнат да комуницираат преку дизајнирани форми. Ги разбраа елементите од кои е изградена визуелната комуникација и научија како функционално да ги користат принципите на дизајн. И најпосле сето тоа учење, успеаја практично да ги применат овие елементи и принципи на проект. Научија како да ја разработат идејата од концепт до презентација, па сè до финално лого – притоа работејќи со Adobe Illustrator. 

За да можат студентите веднаш да го применат стекнатото знаење во пракса, во нашата програма има вклучено реални проекти.

Реалните проекти се од особена важност во програмата за графички дизајн. Благодарение на практичната работа, секој студент почнува да го гради своето професионално портфолио. За кога ќе ја заврши програмата да ги има првите проекти кои може да ги прикаже на интервју за работа.

Па, кој беше предизвикот на кој работеа последната група на студенти?

Студентите имаа за задача да работат од скица до финално лого за софтверската алатка Creatori.

За да можат подобро да ја запознаат алатката, студентите добија бриф од клиентот за насоката во која треба да ги направат решенијата. Ова им овозможи да се запознаат подетално со процесот на започнување на проект според даден бриф.

Со помош на менторот Кирил, студентите сработија целосни решенија кои беа дел од бренд стратегијата во процесот на pitch на идејата на различни настани. На овој начин не само што студентите увидоа како целосно изгледа процесот за креирање лого, туку се запознаа и со процесот на branding.

Во овој дел од часовите, организираме практична работиница. Тука секој студент има време да се инспирира и да поставува прашања, додека го изработува лого дизајнот. 

Започнаа најпрвин со инспирација и идеја, следно скица за финално да креираат целосен лого дизајн. Kudos!!

Погледни како изгледаат креативните решенија на нашите студенти:

Доколку и ти сакаш да го научиш процесот на креирање лого дизајн и да бидеш дел од интересни реални предизвици, уписите на програмата за графички дизајн се започнати. Резервирај си место тука.