За одлуката да започне кариера како графички дизајнер, зборувавме со Фросина Кондоска – учесник на тренинг програмата за графички дизајн
Денес, поразговаравме за графички дизајн со Фросина Кондоска. Фросина е студент на графички дизајн и е една од помладите учеснички на тренинг програмата за графички дизајн. Нејзината пасија кон оваа професија ја мотивира да се запише на програмата и да го усоврши своето знаење. Ја прашавме за нејзиното искуство како почетник графички дизајнер и за учењето во Monday Learning.
За Фросина и за одлуката да започне кариера во графички дизајн
Јас сум Фросина Кондоска. Имам 21 година и сум од Прилеп. Студент сум на Американскиот Универзитет Фон во Скопје, и по струка сум графички дизајнер. Долго време размислував да се запишам на тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning, за да ги усовршам познавањата на алатките, па откако се запишав едноставно моето знаење се усоврши во многу различни аспекти од графичкиот дизајн. Според мене станувањето на графички дизајнер е една креативна работа каде што траба да се вложи време и труд за постигнување на целта. Секое ново стекнато знаење ми овозможува да размислувам за мојата понатамошна работа во иднина како графички дизајнер.
За континуирано надоградување и изнаоѓање техники на учење
За еден графички дизајнер да станува сѐ подобар во својата работа потребно е континуирано учење. Зошто? Затоа што од година на година програмите се менуваат, излегуваат нови трендови и вештини. Секој графички дизајнер треба да биде подготвен да ги следи настаните што се случуваат околу него. Како што излегуваат нови програми и трендови дијзајнерот треба постојано да учи, пред се бидеќи дизајнот нешто не се учи еднократно, туку е континуиран процес.
За предизвиците со кои се соочуваш како графички дизајнер
Најголемиот предизвик, а воедно и еден од омилените модули, ми е дизајнирањето за социјални медиуми. Но, на програмата на Моnday Learning се запознав и со нешто ново, а тоа е областа на UX/UI дизајн. Како понатамошна цел, предизвик ми е моето знаење да го надополнам и во оваа област на дизајн за веб.
За искуството во Monday Learning и совет кон новите дизајнери
На програмата за графички дизајн стекнав одлично искуство, каде што преку реални проекти и задачи континуирано учев и се надоградував. Во текот на програмата се стекнав со нови техники и нови алатки кои претходно не сум ги знаела. Креирав постер за кампањата на Global Enterpreneurship Week, дизајнот за социјални медиуми „Vemilk“, додека повеќето дизајни беа за американскиот продукт „No Bull“. Работев и на многу други дизајни како што се: принт дизајн, постери, дизајн за социјални медиуми и сл.. На новите дизајнери јас би им препорачала многу работа, труд, упорност и истражување кои даваат резултат и квалитет. Оние кои побрзо ќе се стекнат со дисциплина за оваа работа, лесно ќе го пронајдат својот пат.
Курсот беше преубаво искуство за мојата понатамошна кариера. Благодарение на тимот на Monday Learning, ми помогнаа со љубопитност да гледам на дизајнот, а воедно и да стекнам практично знаење. Овој курс го препорачувам на секој кој што сака да започне со кариера во графички дизајн.
Уписите за програмата за графички дизајн се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место тука. Програмата за графички дизајн во Monday Learning е интензивна програма со детално изучување на секоја тема поврзана со областа. За времетраење од три месеци ќе ги научиш најбараните вештини и алатки, притоа создавајќи професионално портфолио со проекти од неколку различни клиенти.