fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Учи од професионалци во областа на графичкиот дизајн! Запознај го Мартин, твојот ментор за Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe XD и дизајн за социјални медиуми.

Учи од професионалци во областа на графичкиот дизајн! Запознај го Мартин, твојот ментор за Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe XD и дизајн за социјални медиуми.

Со 10 годишно искуство во работа со различни брендови, Мартин Цветановски е експерт за графички дизајн, брендинг, принт и дизајн за маркетинг. За време на предавањата за Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe XD и дизајн за социјални медиуми, ќе имаш можност да научиш преку практични примери и докажано најдобри практики. Мартин е ко-основач на Monday дигитална агенција и преку проекти од клиенти и искуства од секојдневното работење, ќе ти го пренесе своето знаење.

На тренингот за графички дизајн од него ќе учиш за најмоќните функционалности на Adobe Photoshop. Ќе научиш да креираш визуелни решенија и фотоманипулации, користејќи основни и напредни функции и техники. Исто така, преку практична работа со изработка на лого, форми и карактери ќе ги научиш алатките и опциите на Adobe Illustrator и ќе можеш да дизајнираш визуелно решение од почеток до крај. Ќе ја совладаш вештината да креираш графички решенија за маркетинг на дигитани медиуми и визуелно да ја искомуницираш вредноста на брендот преку креативни форми и дизајни.

Уписите за програмата за графички дизајн се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место навреме.

Во продолжение дознај повеќе од Мартин за неговата долгогодишна кариера како дизајнер и за тренинг програмата за графички дизајн.

Како започнува една успешна кариера во областа на графичкиот дизајн? – Со интерес за изнаоѓање на интересни и различни решенија за некаков проблем на креативен начин. Првиот контакт со графички дизајн ми беше лого дизајн проект на интернет фриленс платформа. Тие првични проекти ми отворија нови хоризонти за понатамошно проширување на знаењата и истражување на графичкиот дизајн. Студирав на отсекот Графичко Инженерство на техничкиот факултет во Битола, што ми помогна подлабоко да ја запознаам графичката индустрија и професионално да се насочам на мојата кариера. Во текот на студиите го имав и првото работно искуство како графички дизајнер во маркетинг агенција каде што постојано учев нови вештини и ги надградував знаењата.

Работата како графички дизајнер во најголемо време бара креативност и иновативност. Инспирацијата доаѓа од многу места. Во суштина креативноста и иновативноста се постигнува со постојано “вежбање” дизајн, истражување и следење на креативци, читање на стручна литература и секако од малите работи кои секојдневно ги правиме а можат да бидат најголемиот извор на инспирација.

„Графичкиот дизајн е многу динамична индустрија“

Графичкиот дизајн како област нема цврсти граници до каде и како може да се променува така што постојано имаме нови трендови кои некогаш може да прераснат во промени и да останат како такви, но не мислам дека графичкиот дизајн како дисциплина ќе претрпи драстични промени во иднина. Кога зборуваме за софтвер или нови технологии кои би се развиле во иднина, тие би можеле да го олеснат процесот на дизајн ако тоа го сметаме за промена, но во суштина креативното решавање на проблеми и пристапот од страна на секој графички дизајнер е различно секој пат што го прави графичкиот дизајн како дисциплина едиствен.

По што се издвојува оваа програма и што може да очекуваат идните студенти? Тренинг програмата за Графички дизајн има за цел да ги припреми студентите – идните дизајнери за работа. Програмата е интензивна и дизајнирана со фокус на главните и најважни алатки кои се потребни за идните дизајнери да започнат со работа на самостоен графички проект, како фриленсери, во графичко студио или агенција. Осмислени се специфични модули кои се многу барани, а кои често се запоставени во едукативните програми, како “Дизајн за социјални медиуми” и „Дизајн за печатење„ кои се пример за клучни асети на секој иден дизајнер.

После завршувањето на тренинг програмата очекуваме секој од студентите да биде припремен и способен за правилен пристап кон кариерата како Графички Дизајнер и започнување со работа. Со студентите имаме одлична соработка, континуирана комуникација се додека секој не го достигне максимумот. Во овој дел важно е да напоменеме дека програмата е доста пристапна во однос на цената и постојат флексибилни начини на плаќање.

„Графичкиот дизајн е прогресивна, модерна и барана професија на иднината.“

Секој кој го чувствува својот креативен потенцијал во себе, најдобриот начин да го покаже а воедно и да зачекори во нова кариера е преку креативно решавање на проблеми и работа на креативни проекти.

Приклучи се на следната група дизајнери кои почнуваат во април 2022. Аплицирај тука.