Со практична работа на кампањи за клиенти – до големо знаење
Студентите од тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning пишуваат за светот на дигиталниот маркетинг и искуството со нашата програма! Како дел од модулот Content Writing и SEO, нивна задача беше од почеток да креираат и целосно да оптимизираат текст за нашиот блог. Денес ја споделуваме приказната на Марија Маглешева која ни раскажа за нејзиното искуство од оваа тренинг програма.
Зошто ја одбрав програмата за дигитален маркетинг на Monday Learning?
За да започнам со изучување на дигитален маркетинг долго се двоумев. А се одлучив за Monday Learning по препорака на моја пријателка, која имаше позитивно искуство од нивната програма. Со моето стекнато знаење во текот на оваа програма, заклучив дека дигиталниот маркетинг се однесува на сите активности што една компанија ги користи за да ги промовира своите производи и услуги и да го подобри својот удел на пазарот. Компаниите кои сакаат да имаат препознатлив бренд неизбежно е да бидат во светот на социјалните медиуми.
Алатки кои имав можност да ги запознаам и совладам.
Во текот на целата програма имав можност да се запознаам со повеќе алатките, но за најинтересни би ги издвоила Canva, WordPress и Mailerlite. Преку бројните предавања научив кои се основите на дигиталниот маркетинг, како прецизно да таргетирам целна публика и како да направам добра кампања со добро креирана стратегија. Исто така би ја издвоила и нашата финална кампања, во која сите работевме тимски, каде имавме можност да презентираме да презентираме што сме научиле на оваа програма.
Моето искуство со Monday Learning
На почетокот бев доста скептична и не верував дека би можела да научам многу работи за само неколку месеци, но со голем труд и желба за учење, успеав да ги надминам моите очекувања. За се ова да има добар крај, морам да се заблагодарам на нашата менторка Николина, која секогаш ни беше поддршка и постојано не мотивираше во текот на учењето. Оваа програма најмногу ми се допадна поради тоа што поголемиот дел од учењето беше практично, со работа на реални проекти.
Мој совет за сите оние кои сеуште се двоумат дали да започнат со изучување на нова вештина е да одберат некоја од програмите на Monday Learning и да си докажат самите себе си дека секогаш можат да знаат повеќе.
Уписите за програмата за дигитален маркетинг и програмата за графички дизајн се започнати. Стекни нови знаења и дигитални вештини од вистински професионалци кои со задоволство ќе го споделат нивното знаење и искуство. Резервирај си место тука.