fbpx
Monday LearningДигитален маркетинг Со практични знаења до практикантска работа

Со практични знаења до практикантска работа

Викторија Спасевска беше една од најдобрите учесници на тренинг програмата за дигитален маркетинг која сосема заслужено стигна до пракса во Monday. Со максимална посветеност и желба за учење, за само неколку месеци успеа нејзиното знаење да го подигне на скалило погорe и веќе самостојно да работи на маркетинг кампањи за клиенти. Денес го споделуваме нејзиното искуство за учењето во Monday Learning и праксата во Monday!

Моето искуство со тренинг програмата во Monday Learning

Во оваа прилика првично сакам да им се заблагодарам на Monday Learning и нивната програма за дигитален маркетинг, за мотивацијата и поддршката која ми ја даваа во процес на целото учење и работа. Monday Learning направи целосна промена на начинот на кој размислувам и ме подготви за нови предизвици. На оваа програма се запишав со цел да успеам. Тоа го постигнав со мојата амбиција и желба да учам, бев максимално посветена на тоа и сега знам дека воопшто не сум погрешила. Но, сепак ова немаше да биде толку успешно без тимот на  Monday Learning кој несебично ги споделуваа своите знеања, што дополнително ме поттикна да го засакам секој дел од оваа сфера. На оваа програма ми се допадна тоа што предавањата беа добро синхронизирани, секој модул беше детално проучуван и работен практично.Од сите алатки и платформи со кои работевме, најмногу се пронајдов во маркетинг за социјални медиуми. Ме фасцинираа и опциите за платено рекламирање, оптимизацијата и градењето на лендинг страна на WordPress. Се пронајдов и во делот на дизајн, сегментирање и таргетирање преку e-mail и негова автоматизација. Сите овие алатки и платформи ги изучувавме чекор по чекор, работеќи ги на реални проекти.

Со практични знаења до практикантска работа

После првиот месец, паралелно со тренинг програмата, станав дел од Monday Digital Agency, како практикант. Ова искуство дополнително ги зголеми моите знаења во оваа сфера и придонесе да сакам да се надоградувам повеќе во оваа област. Секојдневно навлегувам се повеќе во водите како дигитален маркетер, храбро ги прифаќам новите предизвици и не се плашам да згрешам бидејќи нели од грешките најмногу се учи. Во работата се снаоѓам одлично, зад мене има тим кој секогаш е колегијален и пријателски настроен. Имаме постојана меѓусебна комуникација, со што работните задачи се извршуваат квалитетно, запазувајќи го зададениот временски рок.

Совет до сите кои сакаат да вложуваат во своето знаење

Оваа тренинг програма ја препорачувам за сите оние кои сакаат да вложуваат во себе. Бидејќи секој влог кој цели кон надоградување на себе, е она што на крајот од денот ќе се исплати. Воедно, ќе направи да веруваме повеќе во себе и да не се плашиме од новите предизвици кои ни ги пружи животот.

Она што би го издвоила од досегашното мое добро искуство, со тимот на Monday Learning би било „Професионалност, достапност и пријателски настроен тим, кој несебично го споделува своето знаење“.