Monday LearningДигитален маркетинг Со Monday Learning во светот на дигиталниот маркетинг

Со Monday Learning во светот на дигиталниот маркетинг

Студентите од тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning пишуваат за светот на дигиталниот маркетинг и искуството со нашата програма! Како дел од модулот Content Writing и SEO, нивна задача беше од почеток да креираат и целосно да оптимизираат текст за нашиот блог. Денес ја споделуваме приказната на Александра Златеска која ни раскажа како нејзината креативна страна ја користи за да зачекори во нова кариера.

По препорака од другарка започнав да ја следам програмата за дигитален маркетинг на Monday learning.

Се започна во периодот на тинејџерските денови, кога мојата прва работа беше водење на промоции во супер маркети. Колку повеќе време поминував во маркетите, толку повеќе ја засакав таа работа. Се воодушевував од изработката на кампањите и стратегијата како да се привлечат повеќе луѓе да започнат да го користат производот. Желба ми беше еден ден да имам можност да создадам моја кампања. Да креирам цел концепт, дизајн, текст и се што е потребно за една промоција. Сега дел од мојата работа е поврзана со маркетингот, меѓутоа не и во дигиталниот свет. После долги истражувања и разговори со луѓе од маркетинг индустријата одлучив да направам чекор напред. Започнав да ја следам програмата на дигитален маркетинг во Monday Learning и воопшто не погрешив во таа одлука.

Со следењето на оваа програма најпрво се разбуди креативноста во мене

Како и секој почеток во која било сфера од нашиот живот така и овој бара голема посветеност и ангажираност. На почетокот бев многу збунета бидејќи не знаев од каде да започнам. Но со добра организација на времето, можеш да ги совладаш сите предизвици. Со помош на менторот и практичната настава сѐ повеќе ја засакав оваа професија. Програмата ги вклучува сите алатки кои се најпотребни во дигиталниот маркетинг. Преку учење на content writing, social media marketing, email marketing, и SEO влегуваш во светот на дигитален маркетинг. Сите овие алатки ми беа интересни. Колку повеќе навлегував во тематиката, толку повеќе ме возбудуваше секое скриено катче. Најомилени модули ми се Cоntent writing, Social Media Marketing и креирање на Landing страна на WordPress. Морам да ја напоменам и Canva бидејки преку оваа алатка се разбуди креативноста во мене и најголемо време поминувам работејќи со неа.

Никогаш не е доцна за промена и учење нови вештини

За себе можам да кажам дека сум креативна и амбициозна личност која секогаш сака да се надградува на професионален план. Секогаш спремна за учење на нови вештини кои ми помагаат во секојдневниот живот. Една од причините поради што ја засакав оваа програма е што секогаш има некој предизвик кој треба да го исполниш. Дигиталниот маркетинг е професија која се повеќе се развива и го движи светот напред. Затоа сега се појави желбата за промена во секојдневието и придонесот да направам нешто повеќе, како развивање на сопствен бизнис или пак напредок во сегашната работа. Благодарение на тимот од Monday learnig и нивната програма се надевам дека набрзо мојата желба ќе се оствари.

Уписите за програмата за дигитален маркетинг и програмата за графички дизајн се започнатиСтекни нови знаења и дигитални вештини од вистински професионалци кои со задоволство ќе го споделат нивното знаење и искуство. Резервирај си место тука