fbpx
Monday LearningДигитален маркетинг Mоето патување низ светот на дигиталниот маркетинг

Mоето патување низ светот на дигиталниот маркетинг

Студентите од тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning пишуваат за светот на дигиталниот маркетинг и искуството со нашата програма! Како дел од модулот Content Writing и SEO, нивна задача беше од почеток да креираат и целосно да оптимизираат текст за нашиот блог. Денес ја споделуваме приказната на Илина Димитријевска која ни раскажа како од најмала возраст учи и совладува нови алатки и вештини.

Kако започнав со дигиталниот маркетинг?

Дигиталниот маркетинг е неопходен за компаниите во денешно време. Тој е клучен сегмент за развој на еден бизнис. Попрецизно, дигиталниот маркетинг е начинот на комуникација со која привлекуваме и задржуваме внимание од страна на купувачите. Имав 13 години кога почнав да учам графички дизајн на програмата на Моnday Learning. Креативноста е моја посилна страна, и овде имав можност да ја изразам. Научив многу вештини и имав одлично искуство. Програмата за графички дизајн ја поттикна мојата љубопитност за проширување на знаењата и во областа на дигиталниот маркетинг. Затоа одлучив да ја следам и оваа програма. Задоволна сум од изборот кој го направив, и сигурна сум дека знаењата кои ги добив од двете пограми ќе ми донесат добри резултати во она што ќе го работам во иднина.

Што научив на оваа тренинг програма?

На програмата за дигитален маркетинг се запознав со најважните гранки на дигиталниот маркетинг. Тоа се: content marketing, email marketing, lead generation, Google ads и Social media marketing. За изучување на истите ги користев алатките: Meta business, Canva, Elementor, WordPress  и Google ads. Освен што детално се запознав со алатките, стекнав вештини како стратешки да размислувам, да креирам содржини за маркетинг и да ја препознаам потребата од маркетинг активности во еден бизнис.

Која ми е омилена алатка?

Како најинтересен дел од програмата би го издвоила модулот Е-mail маркетинг. Во овој дел се запознав со процесот на автоматско испраќање на мејлови и задржување на корисниците на органски начин. Е-mail маркетингот се издвојува од другите маркетинг стратегии со тоа што за него не е потребен голем маркетинг буџет. За успешна реализација на една e-mail маркетинг кампања ни е потребна добра lead generation кампања, и неколку комуникациски и естески изработени мејлови кои ќе го привлечат вниманието на потенцијалните купувачи. Примената на теоријата на практични проекти за одредени бизниси и работата во тим заедно со останатите членови од програмата беа многу важен дел во моето совладување на материјалот. Многу значајни ми беа насоките од страна на нашите ментори. Тие ни помагаа во решавањето на проблеми кои се составен дел од работата како дигитален маркетер.

Кое ми е омилено место за инспирација?

За креирање на еден проект потребна ми е инспирација. За инспирација најчесто користам Pinterest, Google, и You Tube како места со најмногу достапни слики, видеа и различни типови на содржини. Освен за инспирација, платформата Pinterest ја користам и за креирање на инспиративни и мотивирачки содржини. Од курсот научив како на стратешки начин да го испланирам контентот кој сакам да го поставувам. Воедно истиот да биде корисен и виден од страна на корисниците кои бараат инспирација.

За кој бренд би сакала да работам?

Знаењето кое го стекнав од овие два курса би сакала да го искористам за подобрување и унапредување на брендот Bon. Целта е овој бизнис да стане препознатлив како сериозен бренд и достапен насекаде во Македонија и пошироко.

Зошто да бидете дел од некоја програма во Monday Learning?

Двата месеци кои ќе ги поминете на оваа програма ќе ви овозможат да се инспирирате, да учите повеќе и да напредувате во оваа област. Задачите кои ќе ги извршувате ќе ви овозможат да го проширите сопственото знаење и да научите многу. А најважно, да успеете во сферата на дигиталниот маркетинг. Доколку сакате да го збогатите вашето знаење и стекнете некоја нова вештина, јас како најмлад учесник на двете програми, сметам дека Monday learning е вистински избор за вас.

Не чекај местата да се пополнат!

Резирвирај си место на тренинг програмата за дигитален маркетинг ТУКА.