Тамара Јаневска – студентка од тренинг програмата за графички дизајн е новата графичка дизајнерка во Стела!
Пред само неколку месеци, Тамара беше студентка на тренинг програмата за графички дизајн, полна со желба и ентузијазам, а денес е доказ дека напорната работа и упорност во учењето се исплати. Тамара ја започна нејзината кариера како графичка дизајнерка во Стела, по само неколку месеци изучување графички дизајн! Денес ни раскажува за нејзиното ново работно место, патот до нова кариера и соочувањето со предизвиците.
1. Започна со кариера како графички дизајнер во организација која прави сериозен позитивен импакт на заедницата. Што работиш во Стела и како ги применуваш стекнатите вештини од програмата за графички дизајн во секојдневните работни задачи?
Најпрво, моето воодушевување за Стела започна веднаш штом почнавме со работа. Мојата пасија и визија совршено се поклопија со целите на Стела како организација. Лесно можев да се поврзам со замислата и со проектите на кои што работат, па така и да се мотивирам да посочам повеќе луѓе преку моите дизајни и импакт до организација како Стела (заедно со нивните ресурси и помош што ги нудат). Иако од технички аспект, научив многу со помош на тренинг програмата за Графички Дизајн на Monday Learning, сепак како нешто што би издвоила да кажам е тоа што со помош на оваа тренинг програма, се здобив и со самодоверба која е голема алатка за препуштање во светот на графичкиот дизајн.
2. Кој ти беше најсилниот предизвик за време на програмата, што те стимулираше да учиш и да напредуваш толку брзо и ефикасно?
Најсилниот предизвик кој морав да си го поставам сама на себе, беше континиутетот . Бидејќи сум личност која остава сѐ за последен момент, оваа програма ми беше супер да научам дисциплина и вреднување на времето за работа. Менторите беа прекрасни и секогаш достапни, и советите кои ги добивав од нив ме охрабруваа да бидам своја и паралелно да добијам визија за тоа како е да се работи со реални проекти во реален свет.
3. Што најмногу те мотивира во еден работен ден во Стела?
Најмногу ме мотивираат целите и луѓето. Навистина луѓето во Стела се прекрасни луѓе кои несебично се залагаат за прекрасни промени и подобра средина за сите нас. Покрај тоа, самиот фидбек кој го добивам од нив ми дозволува да не стравувам со мојата креативност и ме поттикнува да се ослободам повеќе како индивидуа.
4. Твојата јака страна е дизјан на илустрации. Како ова го применуваш во работата?
Ви благодарам што препознавте дека моја јака страна е дизајнот на илустрации. Јас сум страсна за ова поле и секогаш се трудам да донесам уникатна визуелна димензија на секој проект во која сум вклучена. Омилени ми се минималните дизајни кои дозволуваат другиот да интерпретира како што се чувствува, па така тоа е нешто кон кое секогаш се стремам.
5. Кој е твојот совет за сите кои сакаат да тргнат по патот до кариера во оваа креативна индустрија?
Мојот совет би бил да не стравуваат од првото НЕ и од првото одбивање на своите замисли. Не секогаш патот до посакуваната цел ќе биде праволиниски (поготово во креативната индустрија), но со малце самодоверба и голема желба за креативност, многубројните падови ќе оформат пат до нешто подобро.
Успехот на нашите студенти е наш успех! Доколку и ти сакаш да инвестираш во своето знаење и си желен за нова кариера, уписите за графички дизајн во Monday Learning се започнати! Резервирај си место тука.