fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Дизајните на Ангела Стевановска од тренинг програмата за графички дизајн

Дизајните на Ангела Стевановска од тренинг програмата за графички дизајн

Дознаваме од графичките дизајнери за нивното искуство со учење графички дизајн во Monday Learning, за нивните омилени алатки, и нивните омилени дизајни кои ги создадоа во текот на тренинг програмата. Ангела беше една учесничка во последната група графички дизајнери како и една од најактивните учесници во програмата. Во оваа објава ќе прочитате за нејзиното искуство со Monday Learning, за брзината со која ги совлада алатките со кои работеше, и ќе видите дел од нејзините омилени дизајни.

„Да се биде дел од програмата за графички дизајн на Monday Learning е од големо значење на оние кои веќе се пронашле или сакат да стекнат нови вештини и искуство во полето на графичкиот дизајн.

Да се биде дел од програмата за графички дизајн на Monday Learning е од големо значење на оние кои веќе се пронашле или сакат да стекнат нови вештини и искуство, токму тоа е мојата причина и мотив зошто ја одбрав оваа програма. Јас лично научив многу од страна на нови техники алатки и ги совладав многу лесно со голема помош и несебично давање на менторите со нивното долгогодишно искуство. Покрај тоа едно од најважните работи за мене и како ќе се прикажите на пазарот, за тоа научив во делот за фриленсинг, им благодарам на менторите.

Ако се пронаоѓате во графичкиот дизајн и сакате да го работите тоа мислам дека нема никаква пречка која нема да можите да ја совладате.

Брзината на тоа колку брзо ќе се совладаат алатките зависи од тоа колку време посветувате и колку вежбате на истите, нема некоја филозофија, едноставно е. На програмата ги научив најбитните алатки, а стекнав и многу напредни вештини за дизајн кои ќе ги користам понатаму. Ако се пронаоѓате во графичкиот дизајн и сакате да го работите тоа мислам дека нема никаква пречка која не би можела да се совлада.

Менторите ми го покажа правецот и начинот на кој треба да ја насочам мојата креативност.

Оваа програма, односно менторите ми го покажа правецот и начинот на кој треба да ја насочам мојата креативност и уметност исто така добив голема инспирација од нив. Знаењето кое го стекнав во текот на тренинг програмата ја издигна мојата креативност на многу повисоко ниво, Во тоа многу ми помогна и работењето на реални прокети, како и менторите, голема бладогарност до нив за нивното несебично споделување на знаењето за сите аспекти на графичкиот дизајн.

Не се плашете да се препуштите на вашата креативност и верувајте во себе!

На сите кои сакаат да започнат со изучување на графички дизајн и кои се пронаоѓаат во таа област би им препорачала на почеток да не се плашат да се препуштите на вашата креативност, да веруваат во себе и да не си поставуваат граници во нивната уметност и креативност. Јас си поминав преубаво и презабавно, и пресреќна сум што учев од такви квалитетни луѓе. “

Покажи ја својата креативност, а воедно и научи сѐ за графичкиот дизајн брзо и лесно во Monday Learning преку работење на реални проекти. Стани дел од следната група на графички дизајнери кои започнуваат со изучување во семптември 2023, резервирај си место тука! Уписите се во тек!