Со практични знаења од графички дизајн и фриленсинг, Милена стигна до првиот клиент
Monday Learning во соработка со Impact Foundation се приклучи како партнер во имплементација на #RECONOMY програмата и започнаа со обучување на првата група на фриленсери! #RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
Последната група студенти кои беа дел од програмата за графички дизајн, имаа можност да ја следат новата програма за фриленсери и да научат многу во врска со започнување фриленс кариера. Милена која беше дел од програмата за графички дизајн во Моnday Learnig не израдува со одлична вест. Го доби првиот клиент! Успехот на нашите студенти е секогаш и наш успех. Драго ни е што поразговаравме со Милена која ни раскажа нешто повеќе за себе и за нејзиното искуство со тренинг програмите во Monday Learning.
Беше дел од тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning. Раскажи ни нешто повеќе за твоето твоето искуство за време на оваа програма.
Најпрво не бев сигурна дали воопшто да се пријавам на програмата, но со поддршка од мојот личен ментор Марија, заклучивме дека доколку сакам да напредувам во полето на дизајн, Monday learning e вистинското место за тоа. На прво место бев фасцинирана од посветеноста на предавачите, како темелно беше објаснет материјалот. Секако и работата со вистински клиенти ми дозволи да стигнам еден чекор поблиску до мојата кариерна цел. Трите месеци во Monday Learning ме научија на дисциплина, посветеност и секако најважното ДИЗАЈН. 🙂
Постојано сакаш да се надоградуваш себеси и да учиш нешто ново. Како ти понатаму се гледаш себеси во поглед на кариерата? Која е твојата dream job?
Да, за мене учењето е нешто најважно. Често знам да кажам I hate studying, but I love learning и тоа е моето мото што ме движи напред. Освен што сакам да учам, сакам и да планирам. Па, мојот пет годишен кариерен план вклучува, конзистентност, дисциплина и работа во полето на дизајнот и верувам дека тоа е патот до успехот.
Мојата dream job е секако во полето на графички дизајн. Веројатно би се насочила кон User Experience design. Впрочем и заради тоа се решив на промена на кариерата. Од професор до дизајнер, фала на Monday Learning што ми помогнаа да го остварам сонот за мојата dream job.
Ја следеше и новата тренинг програма за фриленсери. А сега не израдува и со веста дека го доби првиот клиент. Честитки! Колку ти помогна програмата од аспект на примена на наученото во пракса?
Тренинг програмата за фирленсери беше многу добра подготовка за ”вистинскиот свет”. Знаете кога ќе завршите со студии/академија, никој не ве подготвува за она со кое би се соочиле по завршувањето. Со оваа програма добивме можност да пробаме и да успееме да стекнеме искуство со фриленс. Почнувајќи со мали проекти со цел да се изградиме како комплетен дизајнер, да си ги збогатиме своите портфолија итн.
Да, веста за првиот клент искрено и мене ме израдува 🙂 ви благодарам. Мислам дака од технички аспект програмата добро ме подготви за работа со клиенти. Но најважен дел за да можам да најдам клиент беа советите од предавачите. Нивните искуства со работа со клиенти, како да се снајдам во бизнис сферата на графичкиот дизајн и како да го продадам мојот продукт. Ова се совети кои ретко може некој да ти ги каже, но во Monday Learning секој предавач несебично го сподели своето знаење и искуство.
Што би им препорачала на сите оние кои размислуваат да започнат со изучување на графички дизајн и сакаат да се запознаат повеќе со фриленс?
Доколку сте во потрага за вашата идна кариера и сакате графички дизајн, Monday learning е вистинското место за вас. Трите месеци кои ќе ги поминете ќе ви овозможат да се инспирирате, да учите повеќе и да напредувате. Задачите кои ќе ги извршувате ќе ви овозможат да го развиете сопственото мислење, да се надоградувате и да успеете во сферата на графичкиот дизајн. А што се однесува до фриленс, луѓе па тоа е иднината!
Тренинг програмата за фриленсери е наменета за сите моментални и идни учесници на нашите програми за графички дизајн и дигитален маркетинг и е целосно бесплатна. Дознај повеќе за нова тренинг програма за фриленсери тука.
Доколку и ти сакаш да направиш отскок во твојата кариера, уписите за програмата за графички дизајн се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место тука.