Monday LearningГрафички дизајн За програмата за графички дизајн во Monday Learning – Битола

За програмата за графички дизајн во Monday Learning – Битола

Индустријата за графички дизајн се смета за индустрија заснована на компетенции кои можеш да ги покажеш во портфолио. За добро портфолио потребни се длабоки разбирања на повеќе аспекти од графичкиот дизајн.

Тренинг програмата во Monday Learning е креиранa да ги развие и обработи клучните аспекти на графичкиот дизајн преку работа и активно вежбање на најбараните алатки. За време на програмата учесниците ќе имаат можност да работат на 5 различни проекти/клиенти и на крајот ќе имаат спремно портфолио кое ќе може да го приложат на следниот работен ангажман.

Што опфаќа програмата за графички дизајн во Monday Learning?

Нашироко ќе се обработува типографијата, теоријата на бои, распоредот и составот, користење на фотографии во дизајнот, манипулации со фотографии и уредување и дизајн на распоред на списанија, брендирање и дизајн на лого. Детално ќе се изучат основите на Adobe Photoshop, Adobe Ilustrator и InDesign преку работа на различни проекти за клиенти од различни индустрии.

Во Adobe Photoshop, ќе се совладаат техниките за уредување и манипулирање со фотографии. Притоа, новонаучените вештини ќе се применат на проект од клиент.

Во Adobe Illustrator, ќе се совладаат алатките за креирање едноставни и сложени форми и на крајот од овој модул, учесниците ќе дизајнираат комплетен дизајн на лого и комплексна векторска илустрација со користење на научените алатки за работа со векторска графика. Ќе составиме флаер за настан, за да ги вежбаме вештините за распоред. Дополнително ќе го работиме целиот процесот на брендирање – од создавање промотивни материјали до креирање целосна слика за еден бренд.

Кој може да учи графички дизајн?

  • Секој што е заинтересиран да научи да креира привлечни и интересни дизајни. Секој е заинтересирани да научи Photoshop, Illustrator и InDesign
  • Сите кои сакаат да ги разберат основите и теоријата на графички дизајн, преку работа на клиент;
  • Секој што сака да научи дизајн на лого и техники за брендирање за да го визуализира својот бренд;
  • Секој што сака да стане фриленсер графички дизајнер но нема претходно познавање;

Tренинг програмата одговара на темпото на еден почетник кој самошто завлегува во креативни води, притоа одговарајќи на аспирациите за кариера во оваа област. Ако твојата работна улога или деловна активност се потпира на тоа да имаш дизајнерски познавања на најбараните алатки или да бидеш „по малку“ дизајнер, тренингот ќе ти помогне да научиш да работиш со алатки кои ќе те квалификуваат чекор понапред.

Кои се можностите после тренигот?

После завршувањето секој учесник ќе може стекнатото практично знаење да го искористи уште веднаш за напредок во својата кариера. Најдобрите учесници ќе добијат можност за дополнителна пракса и вработувања во Monday или ќе бидат поврзани со нашите партнерски компании кои имаат потреба од графички дизајнери.

Ве очекуваме на тренинг за учење во Monday Learning. Местата за програмата се ограничени согласно COVID19 протоколите. Резервирај го твоето место тука.