Monday LearningГрафички дизајн Зошто треба да ја избереш програмата за графички дизајн во Monday Learning?

Зошто треба да ја избереш програмата за графички дизајн во Monday Learning?

Доколку размислуваш да стекнеш знаења кои ќе ти помогнат да стигнеш до кариера како графички дизајнер, голема е веројатноста да се запрашуваш „Од каде да започнам?“ или „Која програма е најдобра за мене?“.

За да заштедиш на понатамошно размислување, споделуваме неколку клучни точки зошто програмата за графички дизајн во Monday Learning е идеалниот избор за тебе.

Кратка интензивна програма

Програмата за графички дизајн во Monday Learning трае 3 месеци и е смислена на таков начин што нуди можност за интензивно учење и развој, со конкретни практични вежби, и работа на проекти од неколку различни клиенти. Благодарение на практичната работа, секој учесник почнува да го гради своето професионално портфолио и веќе ги има првите проекти кои може да ги прикаже на интервју за работа.

Програмата за период од 3 месеци ќе ти помогне да ги совладаш најбараните вештини и алатки. Убавината кај кратките програми е тоа што секој учесник го задржува својот фокус на учењето од почеток до крај. Додека пак, секој од менторите е тука да го следи твојот напредок и да ти помогне при секаков проблем.

Фокус на најбараните технички алатки (Adobe Photoshop, Adobe Illustrator)

Програмата е фокусирана на најбараните и најрелевантните алатки кои ти се потребни при работа како графички дизајнер во дигитална агенција, софтверска компанија или во било која компанија каде што има потреба од графички дизајнер. Ќе научиш како да дизајнираш за социјални медиуми, за печатени материјали, за веб и за секој аспект од користењето на визуалени форми. Главниот фокус е на алатките Аdobe Illustrator и Adobe Photoshop, а под менторство на професионалци од областа како што се нашите ментори, ќе научиш за што се користат и како функционираат овие алатки.

Побарувачката за професионалци за графички дизајн е во пораст во различни индустрии. Да се биде во тек со најновите трендови за дизајн е многу важно. Затоа за време на предавањата ќе научиш да размислуваш како дизајнер и ќе учиш за најдобрите практики од областа на применетиот дизајн.

Голема вредност за парите

Доколку сакаш квалитетна и достапна програма – тогаш Monday Learning е вистинскиот избор за тебе. Сметаме дека пристапот до знаење треба да е достапен за секој. Секому треба да се даде шанса да го искористи својот потенцијал. Нашата програма нуди олеснителни услови за плаќање и голема вредност за парите. Знаењето кое што ќе го добиеш преку практична работа е многу поголемо од преценети скапи академии.

Предавањата на програмата се одвиваат целосно онлајн. Тоа значи дека не мора да патуваш за да стигнеш на час и имаш повеќе време посветено на учење од удобноста на твојот дом. Онлајн учењето е идеален начин за да ги надоградиш своите вештини и да напреднеш на професионален план.

Приклучи се на следната група дизајнери и совладај ги вештините на иднината.