fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Учи од професионалци во областа на графичкиот дизајн! Запознај го Златко, твојот ментор за дизајн за печатење и дизајн за пакување.

Учи од професионалци во областа на графичкиот дизајн! Запознај го Златко, твојот ментор за дизајн за печатење и дизајн за пакување.

20 години искуство во областа на графичкиот дизајн, Злате го прават вистински експерт на ова поле. Тој е креативец одговорен за развивање и градење на голем број домашни и странски брендови. За време на предавањата за дизајн за печатење и дизајн за пакување од Злате ќе имаш можност да научиш преку практични примери и негови реални искуства со клиенти. Ќе научиш кој е процесот на креирање дизајн за печатење и дизајн на пакување, што значи дизајнирање за печат, кои се техниките на печатење какви формати на дизајни за печатење постојат и како да ги креираш од почеток до крај според дадена идеја од клиент.

Уписите за програмата за графички дизајн се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место навреме. А во продолжение дознај од Злате за неговиот модул и неговото искуство во индустријата на графичкиот дизајн.

Колкава е важноста на мојот модул?

Кога се работи за колку треба еден дизајнер да биде добро спремен со знаење за дизајн за печатење, искрено имам впечаток дека „дизајнерот“ треба да знае „се“. Колку повеќе ги познава и ги владее алатките, полесно доаѓа до решение на визуелната проблематика. Пред да постојат социјалните медиуми, графичкиот дизајн како занает се среќава во печатената индустрија, која и ден денес е основа за креација, сенс, идеја. Секоја идеја се раѓа и развива на бел лист хартија.

Сметам дека е секој кој сака да се занимава и работи во иднина како „графички дизајнер“ важно е базично да се подготви со знаења за печатењето.

Кои се моите најдобри проекти?

Не сум горделив лик за да одвојам посебни проекти и искрено го имам разбрано графичкиот дизајн како професија која е дел од мене и работа од која живеам. Сметам дека секогаш најдобрите проекти се оние најплатените. Кога учев да го работам ова, се ми беше предизвик и трошев многу време околку дадената проблематика. Моето портфолио е тоа што е, долго време не е обновено со нови проекти, бидејќи немам време за тоа. Таму може да се види што имам сработено во минатото, па можеби ќе стигнам да ставам нешто ново. 🙂

Со оглед на тоа што живееме во дигитална ера, барањата за печатени материјални се намалуваат.

Многу списанија, весници, магазини, стручна литература веќе не се печати, туку е во дигитална верзија. Како дизајнер тоа мене не ми менува многу затоа што работата е иста, но во печатарската индустрија тоа прави огромна разлика.

За мене беше нов предизвик да влезам во водите на менторство и искрено многу добро искуство.

Пред се, јас се преиспитав за сѐ околу ова што го работам и успеав да спакувам сѐ за учесниците на програмите да можат лесно да ме разберат. Мило ми е што голем дел од студентите знаат што зборувам. Некои имаат прашања, па се враќам на секоја нејаснотија да ја разјаснам на најлесен начин дури не почувствувам дека им станува јасно. Скоро сите што се запишале на тренинг програмата за графички дизајн веќе се знапознаени со тоа што сакаат да научат, присутни се, активни и ја следат програмата до крај.

Од учесниците на тренинг програмите има веќе и вработени, колеги, што ме прави посебно среќен.

Како изгледа еден час со мене?

Часовите кои ќе ги поминете со мене би рекол дека се многу едноставни. Гледам да се држам до програмата која ја имам поставено за студентите лесно да ја научат материјата. Измеѓу процедуралниот муабет знам да извадам нешто смешно што ми се случило, внимавајќи да не откријам многу детали околу фирмата или ликот. Сето тоа гледам да е на интересен начин, затоа што ден денес се смеам на такви искуства со клиенти.

Правам паралели и раскажувам мои мислења базирани од искуство. Искрен сум во тоа што го зборувам и како гледам на оваа професија, со која се занимавам 18 години. Сам наоѓам начини за инспирација, начини на работа и ги кршам правилата и стереотипите. Пробувам да ги мотивирам на таков начин и да ги натерам да размислуваат. Со тоа сметам дека најдобро можам да има ја пренесам сликата за еден иден „графички дизајнер“. Токму затоа го почнав интервјуто со оваа реченица “Искрено имам впечаток дека „дизајнерот“ треба да знае „се“. затоа што не е така.“

Приклучи се на следната група дизајнери кои почнуваат во април 2022. Аплицирај тука.