Monday LearningГрафички дизајн Кој ќе седне на дизајнерско столче? – Биди дел од програмата за графички дизајн
Graphic Design

Кој ќе седне на дизајнерско столче? – Биди дел од програмата за графички дизајн

Доколку чекаше знак да започнеш да ја реализираш твојата желба за кариера како графички дизајнер ова е тоа! Твоите креативни идеи заслужуваат да се видат визуелно претставени, а ние сме тука да ти помогнеме да го постигнеш токму тоа.

Уписите за програмата за графички дизајн се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место навреме. Програмата за графички дизајн на Monday Learning е интензивна програма со детално изучување на секоја тема поврзана со областа. За времетраење од три месеци ќе ги научиш најбараните вештини и алатки, притоа создавајќи професионално портфолио со проекти од неколку различни клиенти.

Што ќе изучуваш на оваа интензивна програма за графички дизајн?

  • Вовед во графички дизајн. Кои се основите на дизајн? Ќе се запознаеш со концептот на графички дизајн и ќе ги разбереш визуелните односи што ќе ти помогнат да комуницираш преку дизајнирани форми.
  • Елементи и принципи на графички дизајн. Текст, фотографија, илустрација. боја, контраст, хиерархија, ритам. Ќе ги разбереш елементите од кои е изградена визуелната комуникација. Ќе научиш како функционално да ги користиш принципите на дизајн. Практично ќе ги примениш овие елементи и принципи на проект.
  • Adobe Illustrator. Што е Adobe Illustrator, за што се користи и како функционира? Преку практична работа со изработка на лого, форми и карактери ќе ги научиш алатките и опциите на Adobe Illustrator и ќе можеш да дизајнираш визуелно решение од почеток до крај.
  • Лого дизајн. Како се креира лого од почеток до крај? Ќе научиш како да ја разработиш идејата од концепт до презентација, па се до финално лого – притоа работејќи со Adobe Illustrator.
  • Adobe Photoshop Што е Photoshop, за што и како се користи? Ќе ги научиш најмоќните функционалности на Adobe Photoshop. Ќе научиш да креираш визуелни решенија и фотоманипулации, користејќи основни и напредни функции и техники.
  • Дизајн за социјални медиуми и маркетинг. Како до успешни визуелни решенија за маркетинг? Ќе научиш да креираш графички решенија за маркетинг на дигитани медиуми и визуелно да ја искомуницираш вредноста на брендот преку креативни форми и дизајни.
  • Дизајн за печатење и дизајн на пакување. Кој е процесот на креирање дизајн за печатење и дизајн на пакување? Ќе научиш што значи дизајнирање за печат, кои се техниките на печатење какви формати на дизајни за печатење постојат и како да ги креираш од почеток до крај според дадена идеја од клиент.
  • Вовед во UI. Кои се основите на дизајнирање на кориснички интерфејс? Ќе ги научиш основите на креирање корисничко искуство преку истражување, анализа и дизајн на соодветен кориснички интерфејс во Adobe XD.
  • Брендинг проект. Како се прави успешен брендинг за компанија и кои се најдобрите практики? Ќе работиш со клиент креирајќи целосен бренд идентитет, почнувајки од бренд стратегија, лого дизајн, бои, промо материјали, дизајн за социјални медиуми и секој чекор во процесот на креирање успешен, препознатлив бренд идентитет.

Оваа програма е наменета за тебе доколку сакаш да:

  • Започнеш со работа во индустријата за графички дизајн
  • Да стекнеш нова дигитална вештина
  • Да го развиеш својот бренд
  • Да ги усовршиш своите знаења како дизајнер
  • Да ја промениш својата кариера

Во Monday Learning ќе учиш од професионалци во областа!

Кирил Гагачев – ментор за вовед во дизајн и лого дизајн
Графички дизајнер со повеќе од 20 години искуство и голем број признанија и награди на лого дизајн конкурси. Сопственик на Ортограф графичко студио, препознатлив по неговите оригинални лого дизајни.
Златко Никодиновски – ментор за дизајн за печатење и дизајн за пакување
Дизајнер со експертско искуство во подготовка за печат, дизајн на пакување и печатарски техники. Креативец одговорен за развивање и градење на голем број домашни и странски брендови.

Мартин Цветановски – ментор за Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe XD и дизајн за социјални медиуми.
Графички инженер и дизајнер со 10 годишно искуство работа во ИТ компании и маркетинг агенции. Ко-основач на Monday дигитална агенција, едукатор, експерт за брендинг и дизајн за маркетинг.

Што по завршувањето на програмата за графички дизајн?

  • Ќе се стекнеш со практични знаења од најбараните области во графичкиот дизајн;
  • Преку работа на најмалку 5 различни клиенти, сработените проекти ќе ги вметнеш во твоето портфолио;
  • Ќе знаеш веднаш да работиш за клиент;
  • Ќе добиеш сертификат за успешно завршена обука.

Што велат нашите студенти за искуството во Monday Learning?

Приклучи се на следната група дизајнери кои почнуваат во април 2022. Аплицирај тука.