Нова соработка со мрежата на фриленсери од Native Teams! Посебни бенефити за сите кои сакаат да станат фриленсери во областа на графички дизајн и дигитален маркетинг.
Во рамки на програмата за фриленсери спроведена од Monday Learning и Impact Foundation од денес имаме и нова соработка со мрежата на Native Teams! Целта со ова е да стигнеме до што е можно повеќе фриленсери спремни за кариерни предизвици во индустријата на графички дизајн и дигитален маркетинг.
Monday Learning во соработка со Impact Foundation ги адресира предизвиците поврзани со зголемување на вработливоста во рамки на RECONOMY проектот за поддршка на млади луѓе во започнување на кариера како фриленсери. RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
За Native Teams
Мисијата на Native Teams е да ја вратат слободата кај хонорарците, нудејќи посебни услуги за вработување и алатки за управување со меѓународни плаќања од страна на клиенти. Нивната мрежа брои над 2000 фриленсери само во Македонија.
За сите оние фриленсери во нивната мрежа кои не знаат од каде да започнат, но имаат креативен потенцијал и се примамени од можностите кои ги нуди фриленсингот, Monday Learning има попуст од 20% на програмите за графички дизајн и дигитален маркетинг, а дополнително, сите кои ќе посетуваа некоја програма бесплатно ја добиваат и тренинг програмата за фриленсери. Веруваме дека со оваа соработка дополнително ќе ја зголемиме вработливоста и ќе помогнеме на повеќе млади ентузијасти да започнат кариерен пат како фриленсери во барани дигитални индустрии како што се графичкиот дизајн и дигиталниот маркетинг.
Што се добива на тренинг програмата за фриленсери?
Нашата мисија со тренинг програмата за фриленсери, е да овозможиме самовработување и полесно стигнување до првите кариерни можности на учесниците од нашите програми. Целта е преку интегрирана практична обука, да ги подготвиме новите фриленсери да ги започнат своите кариери правејќи ги одржливи, самоуверени и независни. Програмата ќе биде прилагодена за луѓе кои имаат вештини за графички дизајн, дигитален маркетинг и дизајн на UX/UI, но и за оние кои моментално бараат начини да почнат да учат нови дигитални вештини и сакаат повеќе да се запознаат со концептот на хонорарна работа. Тренингот ќе го водат професионалци ментори кои се експерти во својата област и самите имаат големо хонорарно искуство.
- Сеопфатни практични предавања
Секој час ќе опфаќа различен сет на тактити и стратегии кои ќе му помогнат на секој учесник во почетокот на неговата фриленс кариера. Благодарение на искусните ментори, секој учесник ќе има шанса да се запознае со процесот на фриленсерство преку реални и практични примери.
- Конкретни чекори кои носат успешна фриленс кариера
За време на лекциите, учесниците ќе научат кои конкретни чекори да ги превземат. Ќе ги совладаат алатките за градење на сопствен бренд. Соодветно ќе ги оптимизираат профилите и ќе научат како да комуницираат со клиент. Ќе развијат присуство на фриленс платформите и ќе се запознаат со начините за поврзување со релевантни професионални заедници. Студентите од тренинг програмата за графички дизајн ќе научат како да креираат свое портофолио на Behance.
- Еден на еден менторство
Студентите ќе работат под индивидуално менторство на професионалец во областа, добивајќи насоки и препораки како да бидат проактивни и да користат успешни тактики за брендирање; како до брзо и лесно градење на професионално CV и портфолио и како до креирање и оптимизирање на добар LinkedIn профил.
Кои се бенефитите од кариера како фриленсер?
- Повеќе слобода
- Работиш за себе
- Флексибилно работно време
- Целосна контрола врз заработката
- Подобрен сет на вештини
За програмата за графички дизајн во Monday Learning
Програмата за графички дизајн во Monday Learning трае 3 месеци и е смислена на таков начин што нуди можност за интензивно учење и развој, со конкретни практични вежби, и работа на проекти од неколку различни клиенти. Благодарение на практичната работа, секој учесник почнува да го гради своето професионално портфолио и веќе ги има првите проекти кои може да ги прикаже на интервју за работа.
Програмата за период од 3 месеци ги подговтвува студентите да ги совладаат најбараните вештини и алатки. Фокусот е ставен на најбараните и најрелевантните алатки кои се потребни при работа како графички дизајнер во дигитална агенција, софтверска компанија или во било која компанија каде што има потреба од графички дизајнер. Студентите учат како да дизајнираат за социјални медиуми, за печатени материјали, за веб и за секој аспект од користењето на визуелните форми. Главниот фокус е на алатките Аdobe Illustrator и Adobe Photoshop, а програмата ја водат професионалци во областа на графичкиот дизајн.
За програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning
Тренингот за дигитален маркетинг во Monday Learning овозможува длабоко разбирање на некои од најкористените алатки за дигитални маркетери. Учесниците за време на предавањата ќе научат како да ги искористат клучните предности на овие алатки, за да ги зајакнат нивните напори во специјализација за дигитален маркетинг. Овие алатки заедно со најдобрите практики, создаваат синергетски ефект со што можат да ја претворат анемичната маркетинг стратегија во стратегија што носи подобри резултати и повисока рентабилност. Ова се дел од модулите кои ќе се изучуваат на тримесечниот тренинг за дигитален маркетинг: Digital Marketing Fundamentals & Digital Strategy, Content Marketing, Social Media Marketing & Advertising, Landing Pages & Email Marketing, Search Engine Marketing & Search Engine Optimization.
Уписите за програмата за графички дизајн и програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning се во тек. Резервирај место тука.