fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Дизајните на Катерина Алавантија од 3 месечната тренинг програма за графички дизајн
Програма за графички дизајн - Дизајните на Катерина

Дизајните на Катерина Алавантија од 3 месечната тренинг програма за графички дизајн

Графичките дизајнери на Monday Learning ги споделуваат нивните искуства и стекнатите знаења од интензивната 3 месечна тренинг програма за графички дизајн. Катерина Алавантија е уште една успешна учесничка на тренинг програма за графички дизајн. Во оваа блог објава, Катерина ни раскажува за нејзиното искуството со предавањата и ни споделува неколку од дизајните кои ги изработи за време на прoграмата. 

„Отсекогаш сум била фасцинирана од моќта на визуелната комуникација.”

Отсекогаш сум била фасцинирана од моќта на визуелната комуникација и нејзината способност да пренесува пораки и емоции. Мојот интерес за графички дизајн се зголемуваше се повеќе како што го препознавав неговото влијание во креирањето на брендовите, влијанието врз искуствата на корисниците и зајакнувањето на целокупната комуникација. Динамичната природа на оваа област, каде што технологијата и креативноста се надополнуваат, придонесоа до зголемување на мојата желба за континуирано учење и зајакнување на моите вештини. Затоа, одлучив да се пријавам на тренинг програмата за графички дизајн.

„Мојата омилена алатка за оживување на овие идеи е Adobe Illustrator.” 

Еден аспект на графичкиот дизајн кој сериозно станува централен фокус на мој интерес е лого дизајн и дизајн на бренд идентитет. Изработката на визуелни елементи кои ја дефинираат суштината и вредностите на брендот, а со тоа и можноста да ја пренесам уникатната приказна и личност на брендот, стануваат се поголем предизвик за мене. Мојата омилена алатка за оживување на овие идеи е Adobe Illustrator. Неговата разновидност, точност и стабилни карактеристики прават да биде мој незаменлив и основен дизајнерски софтвер кој го користам. Без разлика дали ги скицирам првичните концепти или работам на друг тип на илустрации, Adobe Illustrator обезбедува прецизност и флексибилност што ми треба за да го завршам мојот проек. Динамичната релација помеѓу дизајнот на лого и бренд идентитет, заедно со моќните можности на Adobe Illustrator, формира совршена комбинација за мене.

„Тренинг програмата на Monday Learning играше главна улога во продлабочувањето на моето разбирање на принципите на графичкиот дизајн.” 

Еден од клучните бенефити беше структурираната и соодветно прилагодена програма која систематски ги покриваше суштинските концепти. Тоа ми обезбеди цврста основа за започнување на кариера како графички дизајнер дури и веднаш после завршувањето на програмата. Преку практичните вежби и проекти, се здобив со искуство во примената на овие принципи. На тој начин имав можност да го видам нивното влијание врз целокупната визуелна естетика и ефективноста на дизајнот.

Тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning ме натера да верувам дека професионалната преквалификација не е мит.” 

Тримесечната интензивна и сеопфатна обука за графички дизајн во Monday Learning ме натера да верувам дека професионалната преквалификација не е мит, туку реална можност за промена, успех и кариерен напредок. Моnday Learning е тренинг центар со тим на професионалци и докажани експерти во својата област кои. Во улогата на инструктори за време на програмата, тие несебично се вложуваа во интерес на студентите, не штедејќи се да ги споделат своите искуства и знаење. Комуникацијата со нив, размената на информации и совети останува интензивна и после завршувањето на обуката. Ова искуство за мене беше предизвик да се охрабрам во продлабочувањето на моите знаења во оваа област. Добив вредни сознанија за дизајнерските принципи, алатки и техники и кои ме поттикна да истражувам нови креативни хоризонти. Со сериозна посветеност, оваа тренинг програма овозможува стекнување на сериозни теоретски и практички знаења и вештини, длабоко разбирање на дизајнерските принципи, софтверски алатки и индустриски трендови. Тоа неминовно го гарантира започнувањето на кариера како графички дизајнер веднаш после завршувањето на програмата.
За сите кои пребаруваат тренинг програми за графички дизајн, за сите кои размислуваат за реално остварливи промени, моја препорака е да започнат со Monday Learning.

Уписите за следната група на графички дизајнери се во тек! Пријави се тука.