Ментори во Monday Learning: Благојче Кузевски eксперт за лого дизајн и визуелен идентитет
Благојче Кузевски e ментор за лого дизајн и визуелен идентитет на тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning. Како голем ентузијаст за дизајн, уште пред почетокот на неговата кариера, Благојче самостојно дизајнира постери за неговиот музички бенд и колеги од уметничкиот сектор. Неговата дизајнерска кариера офијално започнува во 2009 година со првата работа како графички дизајнер. Визуелниот идентитет, особено лого дизајн, станаваат негов фокус кога започнува да работи проекти од комерцијалниот сектор.
Во денешниот разговор Благојче ни споделува за почетоците на неговата кариера, тактики за усовршување во графичкиот дизајн и за неговиот пристап кон предавањата на тренинг програмата.
“Добив сигнал дека ова поле би можело да биде нешто што вистински сакам да го истражам.”
Во тоа време на почетоци чувстував дека имам некои афинитети кон дизајн. По добивање на позитивни коментари за мојата работа, добив некој сигнал дека ова поле би можело да биде нешто што вистински сакам да го истражам. Тие почетни впечатоци и поддршка беа катализатори за мојата страст кон дизајнот. И еве во текот на последните 15 години работам дизајн, во една или друга дисциплина. А сега сум и веќе дел од тимот Monday Learning, како ментор за лого дизајн и визуелен идентитет.
“Како дизајн истражувач, моите омилени проекти во доменот на визуелниот идентитет се, во голема мера, истражувачки проекти.”
Од моите истражувачки напори излегуваат различни проекти, продукти и едукативни содржини на кои работам во последно време. Моментално, работам на веб апликација за дефинирање на бренд imagery систем. Оваа апликација овозможува на организациите автоматско курирање на библиотека од stock и генерирани фотографии, според одредени бренд параметри и атрибути кои ги поставуваат самите организации, а се автентични на нивниот бренд идентитет. Дополнително работам на проект кој вклучува дизајн алатки како brainstorming картички, кои се користат во креативниот процес за брзо носење на рационализирани дизајн одлуки и креативни дирекции.
“Мојот пристап во дизајнот е повеќе стратегиски и систематски па следствено на тоа такви се и моите предавања за дизајн.”
Иако интуицијата и експериментирањето се пристапи кои не може да се пренесат и објаснат, бидејќи произлегуваат од талентот и искуството на самиот дизајнер. За среќа, тоа што може да биде пренесено и објаснето е систематскиот пристап кон дизајнирање преку теорија на дизајн, различни framework алатки и процеси. Овие алатки и методи им помагаат на студентите да развијат вештини за креирање на ефективни дизајн решенија во прво време. Од тука, студентите можат постепено да ги развиваат своите интуитивни способности и талент.
“Целта на моите предавања е да го олеснам учењето и разбирањето за студентите.”
Мојата тактика за успешно пренесување на знаето на студентите во Monday Learning вклучува пренесување на информациите преку разложување на помали делови, а потоа повторно поврзување на истите во една логичка рамка или процес. Целта е да го олеснам учењето и разбирањето за студентите.
Во практичниот дел, давам задачи каде што студентите треба да ги рационализираат своите дизајн решенија. Ова е особено важно кога студентите како идни дизајнери ќе ги презентираат своите проекти пред клиенти, бидејќи треба да ги образложат и оправдаат своите дизајн одлуки.
“За организациите е битно да имаат препознатлив, автентичен и конзистентен бренд идентитет за да се издвојат од конкуренцијата.”
Кога јас започнав да се занимавам со дизајн, дигиталните канали само што започнуваа да се развиваат, и организациите главно комуницираја со публиката преку печатените канали. Поради тоа во тој период, потребата за инвестирање во визуелен идентитет беше помала, и логото беше доволно за потребите на помалите организации.
Денес, со многу повеќе медиуми и комуникациски канали на располагање, на кои организациите мораат да бидат присутни за да допрат до својата публика, верувам дека за градењето на препознатлив, автентичен и конзистентен бренд идентитет градењето е клучен фактор за нивното одвојување од визуелна „бука“.
Па така, за сите кои имаат интерес во доменот на визуелниот идентитет, познавањето на ова поле може да помогне во градењето идна кариера.
“Трендовите и алатките можеби се менуваат, но принципите на дизајнирање остануваат исти.”
Дизајнерското поле е доста динамично и има влијанија од технолошкиот развој, визуелната комуникација со луѓето останува, а човековата психологија не се менува во чекор со новата технологија. Можеби во иднина алатките што ќе ги користиме за дизајнирање ќе бидат различни од оние што ги користиме денес и во минатото, но принципите остануваат исти.
Моите предавања не се центрирани толку околу алатките, бидеќи тие се променливи, туку се насочени кон принципите на дизајнирање кои се константи во решавањето на проблеми со визуелна комуникација. Сепак, активно ги следам новите трендови и ги интегрирам новите технологии, охрабрувајќи ги студентите да ги истражуваат и применуваат можностите што ги нудат.
“Секој дел од предавањата e мојот омилен дел.”
Можам да кажам дека секој дел од модулот за лого дизајн и визуелен идентитет е мој омилен. Почнувајќи од самото споделување на знаење, преку моментот кога ги видам студентите како го разбираат материјалот преку вежбите и задачите, па сè до моментот кога студентите креираат нешто свое, базирано на пренесеното знаење – уживам во секое предавање и секој дел од тренинг програмата.
“Изучувајте ги принципите на дизајн, развивајте повеќе вештини за креативни дизајн дирекции и разберете ја суштината на визуелната комуникација.”
За сите кои се на прагот за влегување во оваа индустрија, би го кажал следново: Влегување во ова поле, бидеќи нуди многу можности, но и предизвици. Со примената на новите технолошки решенија во дизајнот, задачите се олеснуваат и ќе имате можност полесно да влезете во индустријата. Практично, со помала бариера и пониска крива на учење, но затоа со поголема конкуренција и ќе биде потешко да излезете од новиот медиокритет кој ќе се наметне и да ја задржите својата конкурентност пред вештачката интелигенција и компетитивност која постарите дизајнери веќе ја имаат.
Оние кои сега влегуваат во светот на дизајнот ќе имаат пократок временски период да преминат од почетници во сениори. Затоа, мој совет би бил да се фокусирате на изучување на принципите на дизајн, да развивате повеќе вештини за креативни дизајн дирекции и да ја разберете суштината на визуелната комуникација. Така, ќе можeтe да понудат повеќе од само визуелно допадливи решенија, кои не се веќе доволни. Односно, ќе можete да понудite прецизни визуелни пораки за вистинската публика.
“Програмата на Monday Learning е концептирана со цел да гарантира успех на студентите.”
Предноста е во тоа како е дизајнирана програмата, која ги „слуша“ потребите на пазарот и трендовите во креативната индустрија, осигурувајќи содржина што ги задоволува истите. Во програмата на Monday Learning, модулите се дизајнирани така што студентите, веднаш по изложувањето на нови информации, имаат можност преку работа на реални проекти да се вклучат практично во проблематиката и да развијат некоја дизајн интуиција што ќе им користи за идните проекти. Ова не може да се постигне само со теоретска настава. Затоа, Monday Learning нуди можност студентите практично да се вклучат во проблематиката преку работа на реални проекти и примена на стекнатите знаења.