fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Кристијан стана дел од дизајн тимот на Monday по само 3 месеци тренинг за графички дизајн

Кристијан стана дел од дизајн тимот на Monday по само 3 месеци тренинг за графички дизајн

Кристијан Стојковски ја посетуваше програмата за графички дизајн во Monday Learning и веќе еден месец е дел од тимот на Monday. Денес ни открива зошто се одлучи токму за графички дизајн и што беше клучно во неговиот избор да се запише на оваа програма и да започне кариера во оваа индустрија.

“Иако по професија сум забен техничар – протетика, уште како мал имав желба за цртање, дизајнирање и творење. Ова ми беше омилено хоби и секогаш гледав како би можел да го усовршам и да го подобрам. Токму ова ми беше и главната причина зошто решив да се запишам на програмата за дизајн. Со оглед на тоа што во денешно време оваа професија е навистина побарувана, ценета и пред се многу креативна се одлучив и активно да се занимавам со неа. За многу краток период по завршување на програмата добив можност да работам во Monday. Искрено сум многу среќен и задоволен што моите идеи и соништа почнаа полека да се остваруваат!

Работењето како дел од креативен тим е инспиративно и забавно!

Од неодама сум дел од дизајн тимот на Monday, и мило ми е што можам да научам и напредувам во мојата кариера со ваков прекрасен тим. Имаме одлична комуникација и секогаш добра организација на времето. Секогаш се тука да помогнат и дадат свое мислење за тековните задачи. Работејќи овде се чувствувам свој и моите идеи ги презентирам слободно. Работниот ден ми е исполнет со цртање, консултирање со колегите и организација на приоритетните обврски. Во текот на денот имаме и состаноци за распределување на работните обврски и презентација на сработеното.

Со тренинг програмата за графички дизјн на Monday Learning секој може да научи да дизајнира!

Од мое лично искуство сметам дека за да се стане графички дизајнер најважо е да се има желба и мотив за учење. Потоа со завршување на програмата за графички дизајн и редовно вежбање и применување на алатките се доаѓа до супер дизајни. Секако од голема важност е креативноста. За да ја разбудиме и станеме покреативни мора постојано да се истражува. Секојдневно следење на најновите трендови и инспирација од добри сајтови се одличен правец кон креирање добар дизајн. Оваа професија инспирира секојдневно и идеите за дизајни може да дојдат од секаде. Идеите доаѓаат и од најмали детали, па затоа сметам дека понекогаш треба да се делува веднаш штом ја имаме идејата, за да не ја изгубиме.

Секој модул од програмата е интересен и нуди свои можности

Како омилен модул од програмата би го издвоил Adobe Ilustrator. Уште од самиот почеток најмногу ми тргна од рака. Овде претежно се црта, и се учат голем број од алатките и техниките. Со оглед на тоа што јас најмногу сакам да цртам моето внимание и време најмногу беа посветени токму овде. Adobe Ilustrator навистина е многу моќна алатка која ми овозможи да ги изразам сите мои идеи преку дизајн.

Топло ја препорачувам оваа програма на секој кој сака да стане графички дизајнер и професионално да се занимава со оваа професија.

Дополнителните знаење секогаш се добредојдени. Така што, секој кој има желба да ја надогради својата кариера или пак да започне нова, оваа програма е одлична можност. Денес графичкиот дизајн стана неопходен дел од секој друг бизнис и бројот на работни места за графички дизајнери постојано се зголемува. Мотивација плус е тоа што работата како графички дизајнер никогаш не е здодевна. Секој ден е исполнет со нови креативни предизвици. Со запишување на оваа програма ќе се запознаете со прекрасен професионален тим кој ќе биде секогаш тука за вас, и ќе ви даде одлични насоки и совети како да станете успешен дизајнер!

Уписите за програмата за графички дизајн се во тек. Стекни нови знаења и вештини од вистински професионалци кои со задоволство ќе го споделат нивното знаење и искуство. Резервирај си место тука