fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Филип започна да работи како фриленсер после завршување на тренинг програмата за графички дизајн и филенсинг

Филип започна да работи како фриленсер после завршување на тренинг програмата за графички дизајн и филенсинг

Monday Learning во соработка со Impact Foundation се приклучи како партнер во имплементација на #RECONOMY програмата и веќе ја обучи третата група на фриленсери! #RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Денес поразговаравме со Филип, кој беше дел од интензивната тренинг програма за графички дизајн и од бесплатната програма за филенсери во Monday Learning. Ни раскажа за искуствата и знаењата со кои се стекна за време на оваа програма. Го прашавме како успеа за краток период да напредне во неговата кариера како графички дизајнер и да стигне до работа како фриленсер кај Никола Дола.

Здраво Филип! Беше дел од тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning. Раскажи ни нешто повеќе за твоето твоето искуство за време на оваа програма.

За време на оваа програма се стекнав со знаење кое за мене е од непроценливо значење. Да напоменам дека претходно немав никакво искуство во областа на графичкиот дизајн. Знаењето кое го стекнав за време на програмата ми овозможи да ја разберам целосната структура, односно работењето во одредени програми. Програмата навистина ми помогна во достигнување на целите кои си ги имав поставено како почетник. Според мене, најдобро е тоа што постојано работевме на реални проекти и веќе повеќето учесници имаме изградено портфолио. Морам да се заблагодарам на менторите, кои несебично го пренесуваа своето знаење и искуство. Оваа програма за графички дизајн не само што ги исполни моите очекувања, туку и ги надмина.

Ја следеше и новата тренинг програма за фриленсери во Monday Learning и веќе започна со работен ангажман. Колку ти помогна програмата од аспект на примена на наученото во пракса?

Тренинг програма за фриленсери е од големо значење за нас дизанерите. Таа уште повеќе ме поттикна да започнам со работен ангажман. Можам да кажам дека секој работен ден ми е различен, тоа е она што најмногу ми се допаѓа. Воедно, ја имам таа слобода и можам да го организирам времето од денот онака како што ми одговара.

Сѐ што научив од програмата за графички дизајн го применувам во пракса во моето секојдневното работење на различни проекти, кои се од голема важност за мојата работа како фриленсер.

Што од графички дизајн најмногу сакаш да работиш? Која ти е омилена алатка?

Најмногу сакам да работам на векторска графика, односно Adobe Illustrator. Процесот на изработка на лого, од скица до брендбук и креирање на различни видови на логоа како монограм, амблем и комбинирано ми е многу интересен. Додека пак, омилена алатка ми е PenTool бидеќи има безброј можности кои ги нуди, а можеби е и најмоќната алатка во Illustrator. Може да се користи за создавање безброј линии, криви и облици, а воедно служи како градежен блок за илустрација и дизајн.

Колку брзо ги совлада алатките, дали за тебе беше тешко или лесно да започнеш со дизајн.

Секако дека на почетокот имав потешкотии како и секој почетник, но тоа брзо го надминав. За тоа се заслужни менторите кои несебично ги споделуваа своите знаења и искуства. Започнувањето дизајн првично изгледаше доста комплексно, но со самата пракса преку работилниците кои ги имавме сега тоа ми изгледа полесно и позабавно за работа.

Што работиш и учиш моментално?

Моментално работам како фриленсер на повеќе познати веб сајтови кои нудат можност за заработка, а воедно го усовршувам моето знаење во областа на дизајн на кориснички интерфејс.

За крај сакам да ги посоветувам оние кои сакаат да започнат со графички дизајн или да ги надоградат свите знаења. Да не се двоумат и да ја одберат програмата за графички дизајн на Monday Learning. Ефикасна е, достапна за секој и навистина се стекнуваат трајни знаења.