Monday LearningГрафички дизајн Со интензивено учење и посветеност, Атанас стигна до првиот работен ангажман како графички дизајнер

Со интензивено учење и посветеност, Атанас стигна до првиот работен ангажман како графички дизајнер

Атанас Георгиев беше дел од нашата интензивна тренинг програма за графички дизајн во Monday Learning. А сега веќе ги добива првите графички ангажмани како практикант во Monday Digital Agency. Денес ни раскажа за неговото искуство со Monday Learning и за тоа како се снаоѓа со новата работа како графички дизајнер.

Здраво Атанас! Кажи ни што те наведе да започнеш со изучување на графички дизајн во Monday Learning?

Она што ме поттикна да се запишам на оваа програма беше желбата да се усовршам во областа на графичкиот дизајн. На оваа индустрија секогаш гледав само како хоби, односно еден вид на бегање од седкојдневието. Се одлучив за Monday Learning поради тоа што нудат интензивна програма, а воедно и мои познаници имаа позитивно искуство од програмите кои ги нудат Monday Learning.

Раскажи ни повеќе за твоето искуство за време на оваа програма.

Како што веќе и напоменав, графичкиот дизајн ми беше само хоби и ги знаев само основните работи. На програмата ги научив најбитните алатки, а стекнав и многу напредни вештини за дизајн кои активно ги користам во работата. Целата програма беше добро презентирана, така што и оние кои прв пат се сретнуваат со графичкиот дизајн можат брзо и лесно да научат. Најмногу ми се допадна тоа што учевме низ практична работа на реални проекти. Исто така ќе ги споменам и менторите, на кои воедно сакам и да им се заблагодарам, за нивната несебичност во споделување на своето знаење и искуство во областа на графичкиот дизајн.

Што од графички дизајн најмногу сакаш да работиш и која е твојата омилена алатка?

Графичкиот дизајн во целост претставува голем интерес за мене. Но, оваа програма ми помогна да се пронајдам и да се посветам најмногу на лого дизајн, дизајн на социјални медиуми, дизајнирање на бренд идентитет за клиенти. Омилени алатки за работа ми се Adobe Photoshop и Adobe Illustrator.

Колку брзо ги совлада алатките, дали тоа за тебе беше тешко или лесно?

И покрај тоа што имав некои познавања во областа на графичкиот дизајн, сепак ова беше еден нов и голем предизвик за мене. Но, благодарение на помошта и поддршката која ја добивав од менторите, како и целокупниот процес на учење и совладување на алатките, беше навистина лесно и забавно.

Како се снаоѓаш во работата како практикант во Monday Learning?

Практиканството во Monday Learning претставува еден голем чекор за мојата понатамошна кариера. Но, исто така ми претставува и голема чест и задоволство. Во работата засега се снаоѓам одлично, благодарение на менторите, но и на останатите вработени. Тие се секогаш колегијални и пријателски настроени и несебично го споделуваат нивното знаење, со цел побрзо да се вклопам во работата. Исто така да напоменам дека меѓу вработените владее одлична комуникација, која дополнително ме мотивира секој ден да учам повеќе.

Што би им препорачал на сите оние кои размислуваат да започнат со изучување на графички дизајн?

Доколку сте креативна личност и сакате да изучувате нови вештини, тогаш програмата за графички дизајн на Monday Learning е вистинскиот избор за вас. На располагање секогаш ќе имате вистински професионалци кои секогаш ќе ве охрабруваат, безрезервно ќе го споделуваат своето знаење и ќе ве мотивираат да го искористите вашиот целосен потенцијал.