Дизајните на Трајче Димшоски од 3 месечната тренинг програма за графички дизајн
Графичките дизајнери од 3 месечна тренинг програма за графички дизајн на Моnday Learning ги споделуваат нивните импресии и стекнатите знаења од програмата. Трајче Димшоски беше еден од креативните учесници на тренинг програмата и во оваа објава, ни раскажува за неговото искуство oд учењето во Monday Learning, а ни споделува и неколку од неговите најкреативни дизајни.
„Програмата на Monday Learning ми остави најголем впечаток.”
Разгледував повеќе места за да започнам со учење на графички дизајн, но програмата на Monday Learning ми остави најголем впечаток. Како студент на факултетот за Графичко инженерство и дизајн ми требаше усовршување во практичниот дел од оваа област. Разгледував различни курсеви за графички дизајн, но тренинг програмата на Monday Learning ми остави најголем впечаток и не згрешив што ја избрав.
„Секој модул од 3 месечната програма за графички дизајн беше нов предизвик.”
Целата програма за графички дизајн беше еден нов предизвик за мене и секој модул беше интересен на свој начин. Доколку би требало да издвојам еден омилен, иако сите се поврзани еден со друг, би рекол модулот за Лого дизајн беше мојот омилен дел.
„Тренинг програма на Monday Learning влијаеше многу позитивно на визуелното комуницирање.”
Оваа програма влијаеше многу позитивно на моето визуелно комуницирање. Верувам дека доколку се има желба за тоа што го правиме, лесно доаѓаме до разбирање и усовршување на вештините.
„Секој кој што сака и има желба да научи графички дизајн – Monday Learning е вистинското место.”
Моето искуство во Monday Learning е многу позитивно. На тренинг програмата за графички дизајн научив многу и можам да кажам дека менторите се достапни во секое време. Предавањата се навистина интересни и материјалите се секогаш едноставно и комплетно пренесени. Секој кој што сака и има желба да научи графички дизајн – Monday Learning е вистинското место.