Дизајните на Анита Бошковска од тренинг програмата за графички дизајн
Зборуваме со графичките дизајнери за начинот на учење, нивните омилени модули и дизајните кои ги направија на тренинг програмата за графички дизајн. Анита беше една од посветените учеснички на програмата и во оваа објава ќе видите дел од нејзините омилени дизајни а ќе прочитате повеќе за тоа како се снаоѓа со учењето графички дизајн и какво беше нејзиното искуство со програмата во Monday Learning.
“Интензивната програма и модулите беше токму тоа што го барав и што ме поттикна да започнам со изучување на графички дизајн во Monday Learning.
Заинтересирана бев за графички дизајн многу долго време. Се одлучив да го зголемам моето знаење така што ќе се запишам на курс, но важно ми беше да е интензивен и да ги опфаќа сите важни сегменти во графичкиот дизајн. За Monday Learning научив од Instagram. Програмата која ја нудеа и модулите од кои беше составена беше токму тоа што јас го барав. Друга причина зошто се одлучив за Monday Learning е дека тренинг центарот е од Битола, и знаејќи ги менторите и нивната експертиза бев сигурна дека што и да ми треба лесно ќе можам да побарам консултација.
Омилени модули ми се Photoshop и дизајн за социјални медиуми.
Омилен модул ми беше Photoshop заради тоа што е покомплициран но и поинтересен. Посебно се пронајдов во делот за фото манипулација. Исто така, интересен модул ми беше дизајн за социјални медиуми, пред сѐ бидејќи има голема примена во маркетинг индустријатa, а можностите да се биде креативен се огромни. Во рамки на овие два модули, работевме на реални проекти за клиенти кои потоа ги ставивме во нашето професионално портфолио, нешто што е особено значајно кога станува збор за започнување кариера во оваа индустрија.
Тренинг програмата влијаеше на мојата способност за визуелно комуницирање и разбирање на нови идеи и концепти.
Претходното искуство кое го имав за дизајн пред почетокот на програмата целосно ми се промени после завршување на програмата. Научив да гледам на дизајнот како на многу сериозна професија. Во текот на програмата научив да размислувам за поголеми идеи, покреативни начини за работа на дизајн и подобро да комуницирам со клиенти.
За сите кои размислуваат да започнат со изучување графички дизајн и неколку зборови за моето искуство со Monday Learning.
Целата програма беше едно супер искуство, се учат многу корисни и практични работи. Факт е дека треба многу работа но задачите се супер и се трудев се да биди од моја страна готово во даден период од страна на менторите. Менторите се многу посветени, немам никаква забелешка. Би им препорачала на наредните студенти да запишат курс во Monday Learning затоа што е паметно потрошено време а со целосна посветеност и работа на проекти ќе научат брзо и лесно.”
Учењето преку практична работата на проекти со вистински импакт на заедницата е она што ги носи студентите во Monday Learning чекор понапред во нивниот професионален развој. Следните групи дизајнери започнуваат со учење во септември 2023. Биди дел од заедница која учи за да создава! Уписите се започнати. Резервирај си место за тренинг програмата за графички дизајн.