fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Дизајните на Марија Старковска од тренинг програмата за графички дизајн

Дизајните на Марија Старковска од тренинг програмата за графички дизајн

Графичките дизајнери ни раскажуваат за нивното искуство со изучување графички дизајн, нивните омилени модули и нивните омилени дизајни кои ги направија на тренинг програмата за графички дизајн. Марија беше дел од последната група на тренинг програмата за графички дизајн и e една од најталентираните учесници. Во оваа објава ќе дознаете повеќе за неа, ќе видите некои од нејзините омилени дизајни и ќе прочитате повеќе за нејзиниот пат кон станување дизајнерка!

„Се одлучив за графички дизајн затоа што уживам во создавањето креативни решенија, а во оваа област можам да се изразам визуелно.

Јас сум Марија и имам 27 години. Уживам во создавањето креативни решенија, по природа сум љубопитна и самокритична па така и на изборот за програмата на графички дизајн дефинитивно влијаеше тоа што ова е област во која можам да се изразам визуелно. Оваа програма ми помогна во постигнување на целите, и секојдневната инспирација од најразлични трендови и сајтови ја доведоа мојата креативност на повисоко ниво.

Најмногу уживав во тимските проекти за реални клиенти.

Целосната програма е предизвик и искуство што носи задоволство, но кога би одвоила дефинитивно најмногу уживав во тимските проекти каде што сите бевме подеднакво вклучени и заедничката цел беше пронаоѓање на креативни решенија за реални проекти и клиенти, под одлични насоки и посветеност од сите ментори на Тренинг програмата. Секое предавање е вистинско уживање затоа што навистина има што да се научи од врвни професионалци докажани во својата област.

Клучен момент кога се почуствував како вистински графички дизајнер беше модулот за дизајн на лого.

Можеби клучен момент да се почуствува што значи да се биде графички дизајнер беа тежината на самите предизвици, континуитетот во процесот на дизајнирање и постојаната комуникација со менторите кои беа достапни во секое време за секој студент. Секој голем успех бара голема жртва, предизвиците се тие што нѐ тераат да излеземе од комфорната зона, а всушност тука е напредокот. Тука би го издвоила модулот за дизајн на лого.

За моето искуство со Monday Learning и еден совет за оние кои што размислуваат да започнат со изучување графички дизајн.

Запишувањето на тренингот за графички дизајн во Monday Learning беше game changer за мене. Наставната програма е сеопфатна и покрај теоријата, фокусот е и на градење на практични вештини. Искусните инструктори ме водеа низ софтверите и алатките и ме научија како да размислувам креативно. За сите што размислуваат и се премислуваат дали да почнат ваква кариера, јас би рекла да не чекаат и мојот совет до нив е да не се плашат да експериментираат и да ризикуваат.“

Истражи го светот на графичкиот дизајн и научи ги сите негови аспекти брзо, ефикасно и лесно со Monday Learning. Биди дел од наредната група на студенти кои започнуваат со изучување во септември 2023, резервирај си место тука. Уписите се во тек!