fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Како треба да изгледа твоето дизајнерско портфолио?
design portfolio

Како треба да изгледа твоето дизајнерско портфолио?

Креативно дизајнерско портфолио е твојот билет за професионален успех. Размислувај на твоето порфолио како визуелен приказ на сè што имаш постигнато досега.

Кога станува збор за создавање одлично дизајнерско портфолио, постојат неколку правила што треба да ги следиш. Без разлика дали си студент кој бара да ја добие својата прва работа, или хонорарец кој се обидува да го постигне следниот проект, големи се шансите дека ти треба врвно професионално портфолио.

Најпрво, ајде да те запознаеме со целта на дизајнерското портфолио.

Главната идеја на дизајнерското портфолио е преку примери да докажеш дека си погоден за одреден проект. Показател кој прикажува кои се твоите способности.

Кога работодавецот е во процес да избере кој е погоден за работата која ја нуди, ова е тоа што најмногу го интересира и затоа е најважниот аспект во процесот на вработување.

На програмата за графички дизајн во Monday Learning, освен што студентите ќе научат повеќе за дизајн, тие истовремено преку работа на најмалку 5 различни клиенти имаат можност да изградат сопствено професионално дизајнерско портфолио. Тоа ќе вклучува најмалку 5 сработени проекти, што е одличен почеток за секој дизајнер.

Па, како да направиш дизајнерско портфолио кое се истакнува и разликува од останатите?

На вистинското место си! Во продолжение споделуваме совети и примери кои ќе ти помогнат токму со ова прашање.

Што е најважно да вклучиш во твоето дизајнерско портфолио?

  • Прикажи ги проектите на кои си особено горд
  • Избери ја правилната платформа за да ја прикажеш својата рабта
  • Вклучи препорака од клиенти или пак case study
  • Опиши го креативниот процес
  • Прикажи свои дизајни кои не се за клиенти

Како да го збогатиш твоето дизајнерско портфолио доколку си почетник?

  • Помогни му на локален мал бизнис или StartUp
  • Креирај содржина за сопствен бренд
  • Измисли компанија и започни да креаираш дизајни за истата
  • Дизајнирај лого за омилениот бренд
  • Пријави се на дизајн предизвик

Водич за инспирација

Модерни, чисти и автентични се зборовите со кои би ги опишале дизајните во портофлиото на нашата студентка Ана Гегова. Со помош на програмата за графички дизајн и стекнатото знаење, Ана успеа да изгради сосема нејзин автентичен стил и истиот да го претстави во своето портфолио.

Ова е супер пример како треба да изгледа едно дизајнерско портфолио на Behance.

Доколку си UI дизајнер, сигурни сме дека дизајнерското портфолио на Robin Mastromarino ќе те воодушеви и инспирира. Тој во своето портфолио користи UI анимации кои им дава свежина на работите на својата страна. Неговите проекти делуваат како да се на тркало што се движи, што изгледа како привлечен ефект. Со секое менување на проектите, дизајните реагираат. Овој ефект е одличен кога станува збор за UI дизајнер, затоа што успева да прикаже што се може дизајнерот да направи.

Естетскиот допир на Morag Myerscough e уникатен и колиритен, а тоа лесно успева да го пренесе во своето дизајнерско портфолио. Светлите нијанси на графика, забавните анимации и чистиот дизајн го прават ова портфолио исклучителен пример.

Овој пристап кон своето портфолио е одличен пример за дизајнери кои се приклонуваат кон уметноста на дизајнот.

Доколку сакаш online presence, а да не е тоа дизајнирање на сопствена веб-страна, Behance е местото од каде што треба да започнеш.

Портфолиото на Mohamed Samir е совршен пример по кој што можеш да се водиш кога ќе го приготвуваш твоето дизајнерско портфолио. Неговото портфолио вклучува микс на брендирање, типографија, постери и дизајни за печатење.

Моќниот пристап на дизајнерката Sophia Yeshi покажува колку е важно да се пренесе подлабоката приказна позади секој проект. Со ова, луѓето можат подобро да се поврзат со секој проект, а од тоа да произлезат и нови клиенти.

Големите брендови, вклучувајќи ги Google и Nike, го користат уникатниот илустративен глас на Sophia за да зборуваат за нивните брендови.

Тука дознај и инспирирај се повеќе од нејзината приказна во светот на графичкиот дизајн.

Уште едно исклучително добро портфолио на Behance од дизајнерот Saxon Campbell. Со својот cool пристап, Saxon изгради одлична репутација на Behance за неговата работа за брендирање на модни брендови.

Одлично место за инспирација доколку се одлучиш своето портфолио да го градиш на Behance.

Сега кога знаеш за вредноста на дизајнерското портфолио и се инспирираше од неколку примери, што е следно?
Да започнеш да работиш на своето дизајнерско портфолио.

Дури и на најдобрите дизајнерски портфолија им треба постојано ажурирање. Имај на ум дека иако твоето прво дизајнерско портфолио може да биде целосно, градењето портфолио никогаш нема навистина да заврши. Но, во тоа и е убавината нели?

Секој дизајнер кој е на почеток на својата кариера во графички дизајн, нормално е да се чувствува неподготвен кога станува збор за градење на портфолио. Затоа, на програмата за графички дизајн во Monday Learning, им овозможуваме на студентите да работат на реални проекти кои понатака можат да ги искористат во своето дизајнерско портфолио.

Уписите на програмата за графички дизајн се започнати. Инвестирај во своето знаење и стекни ги најбараните вештини и алатки, притоа создавајќи професионално портфолио со проекти од неколку различни клиенти. Резервирај си место тука.