Како еден ликовен уметник станува графички дизајнер? – Зборувавме со Бојана Тошевска учесник на тренинг програмата за графички дизајн
Ја започнуваме серијата објави „За графички дизајн“ и во следниве неколку, ќе си помуабетиме со дел од учесниците на програмата за графички дизајн во Monday Learning. Ја прашавме Бојана Тошеска – уметник по професија и по душа, кој е патот на изразување на креативното во 21 век, и како еден традиционален уметник учи за да го примени креативниот потенцијал во дигиталнот свет.
За спојот на уметност и дизајн
Заедничката точка помеѓу графичкиот дизајн и ликовната уметност е креативноста, естетиката, начинот на кој се изразуваме односно пренесувањето на пораката кон публиката. Како ликовен уметник со предходно знаење за боја, контраст принципи и правила во ликовната уметност, сепак графичкиот дизајн беше сосема ново поле за мене, бидејќи немав никакво претходно искуство во работата со дигитални алатки. Но благодарение на тимот на Monday Learning, научив многу за дизајнот воопшто, добив мотивација и започнав поразлично да гледам на логот и воопшто на дизајнот, нивната реализација и процес на создавање.
За учењето графички дизајн
Учењето графички дизајн не е еднократен процес туку е континуирано надоградување и прилагодување според промените кои се случуваат во индустријата. Како науката така и уметноста и графичкиот дизајн си бараат комплетно целосно и темелно знаење, напорна работа, прифаќање совети и критики и постојано надоградување. Добриот графички дизајнер е производ од квалитетна работа.
За омилената алатка и проект
Немам некоја омилена алатка, ги користам сите, а сѐ зависи од тоа што се барањата на креативниот бриф. Не можам да се одлучам помеѓу Photoshop и Illustrator, бидејќи ги користам и двата согласно според потребата на проектот и каков тип на функционалности се потребни за да се извлече најдоброто од дизајнот. Најмногу сакам да работам дизајн за постер и дизајн за печатење.
За искуството во Monday Learning
Моето искуство со програмата за графички дизајн беше полн погодок. На новите дизајнери би им препорачала да се спремат многу учење, работа, истражување, прифаќање на совети и постојано надоградување на тоа што веќе го знаат.
Ако сакаш и ти да научиш брзо и ефикасно да креираш целосни дизајн решенија, приклучи се на следната група дизајнери кои почнуваат во април 2022. Аплицирај тука.