Студентите од Monday Learning продолжуваат да инспирираат со новата кампања за „Трчај бе“
Полека, но сигурно се наближуваме кон почетокот на четвртото издание на Трчај бе. Се чувствуваме мотивирано да истрчаме уште еден маратон и да ја постигнеме посакуваната цел. Доколку се уште се немаш пријавено, сега е твојата шанса. Тука можеш да се пријавиш и да бидеш дел од уште една нова спортска приказна.
Нашите студенти од програмата за графички дизајн, беа многу вредни за време на овој проект и изработија одлични решенија. Congrats!
Програмата за графички дизајн е фокусирана на најбараните и најрелевантните алатки во графичкиот дизајн. Со користење максимално на стекнатото знаење од програмата за графички дизајн, нашите студенти успешно го завршија зададениот проект. Уште еднаш докажаа дека со напорна работа и учење може многу да се постигне за кратко време. А тоа најдобро се гледа во нивните постери кои ги изработија за новата кампања за „Трчај бе“.
Слоганите кои ги користеа студентите во кампањата за Трчај Бе, се дел од битолската култура. Во продолжение погледни како изгледаат нивните финални решенија , па можеби ќе се инспирираш и мотивираш да се пријавиш на маратонот, доколку до сега не си го направил тоа.
Доколку и ти сакаш да бидеш дел од вакви инспиративни проекти и да создаваш визуелни решенија за истите, уписите за програмата за графички дизајн се започнати. Инвестирај во своето знаење и резервирај си место тука.