Дигиталниот маркетинг низ призмата на еден филолог
Студентите од тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning пишуваат за светот на дигиталниот маркетинг и искуството со нашата програма! Како дел од модулот Content Writing и SEO, нивна задача беше од почеток да креираат и целосно да оптимизираат текст за нашиот блог. Денес ја споделуваме приказната на Ангела Гоческа која ни раскажа како од најмала возраст учи и совладува нови алатки и вештини.
Здраво на сите 🙂 Јас сум Ангела Гочевска, студент на програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning. Уште од мала возраст, имав голема желба за изразување и пишување на моите идеи на лист хартија. Слободното време го поминував слушајќи песни на англиски јазик и гледајќи серии на шпански јазик. Сметам дека успеав да ја задржам оваа искра за пишувањето и денес.
Студирањето на филолошкиот факултет и поврзаноста со креативното пишување
Во текот на моите студентски години на филолошкиот факултет во Скопје, насока Англиски јазик и книжевност повторно се сретнав со креативното пишување како резултат на големиот број предмети што беа поврзани со книжевност. Сфатив дека пишувањето и играeњето со зборови е тоа што ме исполнува.
По завршувањето на моите студии, одлучив дека ми треба промена во секојдневниот живот. Сметам дека најдобро искористено време, е времето посветено на учење на нови вештини. Водејќи се по таа мисла, пред 3 месеци ја донесов одлуката да се пријавам на курсот за дигитален маркетинг.
Моето искуство со тренинг програмата за дигиталниот маркетинг во Monday learning
Уште на првото предавање, ми беше јасно дека станува збор за тим од професионалци кои знаат умешно да го пренесат нивното знаење. Добив шанса да научам за Canva, креирање на лендинг страна, Google ads, Metabusiness suite facebook, WordPress итн. Сите овие алатки и информации се од голема важност за мене. Николина заедно со нејзиниот тим ни помогна да ја воочиме разликата помеѓу традиционалниот и дигиталниот маркетинг. Преку бројни предавања и примери, научив да создадам различни типови на содржини. Исто така научив и како да ја зголемам публиката на еден бренд преку креирање квалитетни содржини. Како дел од програмата беа вклучени и изучување на вештини за ефективно користење на Google Ads алатката и плаќање по клик.
Во иднина повеќе би сакала да се насочам кон работење со платено рекламирање. Сметам дека аналитичките и креативните вештини кои што ги поседувам, ќе резултираат со успешни кампањи на овие канали.
Иднината му припаѓа на оние што учат нови вештини и што истите ги комбинираат на креативни начини
Преку голем број на примери и несебична подршка од страна на тимот за дигитален маркетинг на Monday Learning, научив како да оптимизирам Google Ads кампањи, да следам конверзии и да го измерам повратот на потрошени средства за реклама. Сфатив дека доколку човек сака да научи нешто, ќе најде начин и време, па тоа го направив и јас. Се посветив максимално на сите овие алатки и сметам дека веќе имам знаење со кое што би можела да започнам и со работа. Доколку сакаш да се стекнеш со нови вештини, или да ја разбудиш твојата заспана креативност – тогаш Monday Learning e вистинскиот избор за тебе.
Уписите за програмата за дигитален маркетинг се започнати.
Резирвирај си место ТУКА.