fbpx
Monday LearningДигитален маркетинг Дигиталниот маркетинг е многу креативна професија која постојано се развива и менува

Дигиталниот маркетинг е многу креативна професија која постојано се развива и менува

Студентите од тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning пишуваат за светот на дигиталниот маркетинг и искуството со нашата програма! Како дел од модулот Content Writing и SEO, нивна задача беше од почеток да креираат и целосно да оптимизираат текст за нашиот блог. Денес ја споделуваме приказната на Сара Уцман која ни раскажа како нејзината креативна страна ја користи за да зачекори во нова кариера.

Дигиталниот маркетинг е многу креативна професија која постојано се развива и менува.

За себе можам да кажам дека сум креативна личност која постојано сака да учи нешто ново. Бидејќи мојата работна позиција како продажен асистент е тесно поврзана со маркетинг, сакав своите вештини да ги надоградам, со цел да напредувам во мојата работа. После подолго размислување, се решив да започнам со изучување на дигитален маркетинг и да навлезам подлабоко во креативникот свет. Затоа се запишав на тренинг програмата за дигитален маркетинг Monday Learning, за која сум сигурна дека не погрешив.

На тренинг програмата преку практична работа ги научив клучните алатки на дигиталниот маркетинг

Дигиталниот маркетинг е една од најважните стратегии за постигнување поголем успех на една компанија. За неколку месеци успеав да научам како да креирам добра кампања и како полесно да таргетирам соодветна публика преку алатката на Facebook. Исто така изучувавме и како да креираме лендинг страна во WordPress, што воедно мене ми беше и најинтересниот модул. За време на овој модул сфатив колкаво е значењето на лендинг страните за една маркетинг кампања. Оваа страна се прави за да го привлече вниманието на потенцијалниот купувач и да даде информации од нивен интерес. Со помош на нашиот ментор Николина Цветановска успеав да ја совладам целата содржина од оваа програма, без никаков проблем. Таа секогаш трпеливо и внимателно ни ги објаснуваше сите чекори и ни помагаше побрзо да ги совладаме алатките.

Мојот совет за оние кои размислуваат за нова кариера и промена на професијата

Целокупната тренинг програма ги опфаќа сите клучни аспекти од дигиталниот маркетинг кои овозможуваат практично совладување на знаењата преку реални проекти. Причината поради која се запишав на програмата за дигитален маркетинг е стекнување нови вештини и знаења кои ќе ми помогнат да започнам нова кариера. Мојот совет за сите оние кои сакаат да научат нови вештини е да не се двоумат и да започнат со тренинг програмата за дигитален маркетинг. Исто така би додала дека секогаш треба да веруваат во себе и никогаш да не се откажуваат од своите соништа.

Уписите за програмата за дигитален маркетинг и програмата за графички дизајн се започнатиСтекни нови знаења и дигитални вештини од вистински професионалци кои со задоволство ќе го споделат нивното знаење и искуство. Резервирај си место тука