Што сѐ може да работи еден фриленсер дигитален маркетер?
Monday Learning во соработка со Impact Foundation се приклучи како партнер во имплементација на RECONOMY програмата и веќе ја обучи третата група на фриленсери! RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
Со порастот на дигиталната средина денес, да се биде фриленсер дигитален маркетер е одличен пат во кариерата кој нуди голем избор на работа и просперитетна иднина. Без разлика дали станува збор за работа на некој голем или мал бренд, целта е да се постигнат добри резултати во денешниот брз свет на дигитални медиуми. Улогата на дигиталниот маркетер, е со користење на најновите алатки и трендови да им помогне на брендовите да ги направат нивните производи видливи.
Овој блог ќе ти помогне да дознаеш што се може да работи еден фриленсер дигитален маркетер, кои се одговорностите и опсегот на кариерата во дигиталниот маркетинг.
Што прави еден дигитален маркетер?
Дигиталниот маркетер користи различни дигитални платформи за рекламирање на производите и услугите што ги нуди една компанија за да допре до потенцијални клиенти. Она што го дефинира дигиталниот маркетер е способноста да планира и спроведува маркетинг кампањи. Исто така, да работи на анализа на извештаите за да се изгради и одржи онлајн присуството на една компанија. Способноста да се поврзе со потенцијалните клиенти преку иновативни стратегии за дигитални реклами, кампањи за е-пошта и привлечни објави на социјалните мрежи се дел од работниот опис. Голем дел од одговорностите на еден дигитален маркетер вклучуваат истражување на новите можности за дигитално рекламирање со цел да се биде во тек со трендовите и комуникација со клиенти за извештаи и анализи со цел да се проучи ефективното враќање на инвестицијата.
Кои можности ги имаш за работа во дигиталниот маркетинг како фриленсер ?
Фриленсинг е вид на себе вработување. Како фриленсер во индустријата на дигитален маркетинг, имаш флексибилност да работиш од било каде и во било кое време, да поставиш свои цени на услугите и да ги избираш проектите што те интересираат. Ова ќе ти овозможи да создадеш рамнотежа помеѓу работата и животот што одговара на твјот животен стил и ќе ти помогне да ги постигнеш твоите професионални и лични цели. Како фриленсер дигитален маркетер можностите да се развиваш во различни домени се огромни. Постојат многу насоки во кои може да ја дефинираш твојата кариера, а дел од најпопуларните ги анализиравме денес:
Менаџер за дигитален маркетинг
Работи на спроведување маркетинг кампањи за препознатливост на брендот, анализира извештаи за да ја подобри свеста за производот или услугата, го гради и одржува онлајн присуството на компанијата. Креира маркетинг кампањи и стратегии за клиенти, комбинирајќи различни канали и алатки за да стигне до крајниот корисник.
Маркетери (менаџери) за социјални медиуми
Работи на развивање, креирање и имплементирање на ефективна содржина за социјални медиуми. Целта со ова е да се поттикне сообраќајот кон веб-страницата и да се генерираат нови корисници. Преку креирање платени кампањи за различни социјални медиуми на соодветните платформи, задачата на менаџерот за социјални медиуми е соодветно да ги мери резултатите и правилно да ги оптимизира за да го извлечи нивниот најдобар перформанс.
Контент маркетер
Oдговорен за креирање и управување со содржина како дел од севкупната маркетинг стратегија на еден бренд. Целта е да привлече и задржи одредена целна публика. Работата на еден контент маркетер вклучува истражување, планирање, креирање, објавување и дистрибуција на различни форми на содржина. Едни од најчесто креираните содржини се артикли за блогови, видеа, креативи и описи за социјални медиуми. Контент маркетерот треба да поседува одлични писмени и комуникациски вештини за создавање висококвалитетна содржина.
Специјалист за Е-маил маркетинг
Е-маил маркетинг е еден од најмоќните начини да се пренесе пораката до одредена целна публика. Еден е-маил маркетер работи на креирање кампањи за привлекување нови корисници кои соодветно се сегментираат и таргетираат преку email маркетинг автоматизации.
Менаџер за рекламирање преку Google Ads
Поседува вештини за ефективно користење на Google Ads алатката и плаќање по клик. Google Ads менаџерот работи на оптимизација на Google Ads камањи. Овој процес вклучува следење на конверзии и мерење на повратот на потрошени средства за реклама.
Специјалист за оптимизација (SEO)
Работи на оптимизацијата на пребарувачите, преку анализа на клучни зборови. Целта со оваа маркетинг стартегија е да се подобри видливоста на веб страницата користејќи соодветни алатки и тактики. SEO делува како сложен предмет и од технички и од креативен аспект, бидејќи опфаќа широк спектар на под-вештини. Во рамки на SEO треба да се креира и промовира корисна содржина. Треба да се градат ефективни списоци со клучни зборови и ефикасно да се структурира и оптимизира една веб страна.
За програмата за дигитален маркетинг и фриленсинг во Monday Learning
Тренингот за дигитален маркетинг во Monday Learning овозможува длабоко разбирање на некои од најкористените алатки за дигитални маркетери. Учесниците за време на предавањата ќе научат како да ги искористат клучните предности на овие алатки, за да ги зајакнат нивните напори во специјализација за дигитален маркетинг. Овие алатки заедно со најдобрите практики, создаваат синергетски ефект со што можат да ја претворат анемичната маркетинг стратегија во стратегија што носи подобри резултати и повисока рентабилност. Ова се дел од модулите кои ќе се изучуваат на тримесечниот тренинг за дигитален маркетинг: Digital Marketing Fundamentals & Digital Strategy, Content Marketing, Social Media Marketing & Advertising, Landing Pages & Email Marketing, Search Engine Marketing & Search Engine Optimization. Дополнително сите учесници добиваат и тренинг програма за фриленсинг каде ќе работат под индивидуално менторство на професионалец во областа, добивајќи насоки и препораки како да бидат проактивни и да користат успешни тактики за брендирање; како до брзо и лесно градење на професионално CV и портфолио и како до креирање и оптимизирање на добар LinkedIn профил.
Уписите за програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning се во тек. Резервирај место тука.