Студентите од тренинг програмата за графички дизајн повторно оставија незаборавна креативна трага на ТРЧАЈ БЕ
ТРЧАЈ БЕ е најмасовниот спортски настан во Битола, кој годинава беше Балканско првенство, но и Државно. На трката учествуваат луѓе од секаде, трчаат атлетски ѕвезди, пасионирани рекреативци, јавни личности, компаниски тимови,цели семејства и поединци.
ТРЧАЈ БЕ има моќ да го промени животот на битолчани, a oваа година Monday Learning беше главен креативен партнер на 5-тото јубилејно издание. Особено сме горди на нашите студенти од тренинг програмата за графички дизајн и нивните креативни умови! Овие млади дизајнери, полни со свежи идеи и креативност, и оваа година го прифатија предизвикот да работат на промотивната кампања за настанот создавајќи многу креативни решенија со кои го обележаа духот на трката. Аплауз за нашите студенти, кои секоја година внесуваат креативна свежина во зацврстување на визуелниот идендитит на ТРЧАЈ БЕ!
Програмата за графички дизајн во Monday Learning трае 3 месеци и е смислена на таков начин што нуди можност за интензивно учење и развој, со конкретни практични вежби, и работа на проекти од неколку различни клиенти. Благодарение на практичната работа, секој учесник почнува да го гради своето професионално портфолио и веќе ги има првите проекти кои може да ги прикаже на интервју за работа.
Во Monday Learning, на нашата тренинг програма за графички дизајн се фокусираме на секој можен аспект на дизајнот и сите алатки кои се најрелевантни во графичкиот дизајн. Работиме на реални проекти со што им даваме прилика на нашите студенти вистински да ја осетат суштината на оваа професија и да ја искористат својата креативност маскимално. Со користење на целосното знаење кое го стекнуваат студентите во текот на програмата, секоја година, како што можеме да ги видиме резултатите, создаваат професионални решенија со кои што се потсетуваме која е моќта на тимската работа, и упорноста.
Дизајните за кампањата на ТРЧАЈ БЕ ги креираа со помош на програмите Adobe Photoshop и Adobe Illustrator, кои станаа магични четки за нивната визија. Мајсторски ги искористија сите алатки во креирање на дизајните кои не само што го одразуваат духот на маратонот, туку и го инспирираат целиот град. Во секоја линија, секоја боја и секоја креативна одлука, може да се почувствува нивната страст и посветеност кон овој реален проект.
И оваа година, по втор пат имавме изложба која се случи во дворот на Центарот за култура – Битола. Бевме сведоци на позитивните реакции и за одличниот резултатот кој го имаше целата кампања. Мотивирани сме сѐ повеќе на ваков начин да влијаеме врз културата на градот и да дадеме поттик што е можно повеќе луѓе да се приклучат на иницијативата и да учат за да создаваат!
Интересен факт: Сите слогани кои беа употребени од страна на студентите во кампањата за ТРЧАЈ БЕ, имаат корени од битолската култура, што ги прави сите дизајни посебни на свој начин.
Уживајте во овогодинешните креативни решенија на нашите студенти. Оваа година уште еднаш докажавме дека со спој на искусни ментори и млади таленти, може да се постигни и научи многу за краток период .А доколку сакате да учите за да создавате и да сте дел од вакви интересни проекти, уписите за програмата за графички дизајн се во тек! Местата се ограничени. Аплицирајте тука.