Monday LearningГрафички дизајн Monday Learning Aлумни: Од студент до професионален графички дизајнер

Monday Learning Aлумни: Од студент до професионален графички дизајнер

Тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning е внимателно осмислена за амбициозни поединци кои сакаат да го откријат својот креативен потенцијал, да ги развијат своите креативни способности и да ги трансформираат во професионални вештини. Преку нашата 3-месечна тренинг програма, студентите имаат можност да работат на реални проекти, со што не само што стекнуваат практично искуство, туку и се подготвуваат за предизвиците на современиот свет на дизајнот.

Во овој блог, ви го пренесуваме искуството на Бојана Тошевска, една од нашите алумни, која преку тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning го трансформираше својот талент во успешна кариера и денеска работи како графички дизајнер.

Дали имаше можност да работиш на реални проекти по завршувањето на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning и како истата ти помогна при работата на тој проект?

Тренинг програмата за графички дизајн на Моnday Learning навистина ми помогна да ги усовршам моите технички вештини и знаења, и по комплетирањето на програмата можам да се пофалам дека сум работела на повеќе проекти,  логоа и постери, но најинтересни ми биле целосните дизајни на книги. 

Која беше најважната лекција што ја научи на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning како таа ти помогна да се развиеш како професионалец во индустријата?

Сметам дека се што научив на тренинг програмата за графички дизајн е важно и многу вредно искуство. Доста знаења и информаци беа несебично споделени од менторите на програмата и многу ми се допадна работната навика и целата комуникација што ја имавме сите таму.
Тренинг програмата за графички дизајн на Мonday Learning за мене беше основата која ми беше потребна за да продолжам да се развивам како графички дизајнер.

Како успеваш  да останеш во тек со најновите трендови и технологии во графичкиот дизајн?

Најчесто се потпирам на онлајн ресурси, подкасти, блогови или вебинари. Гледам да бидам во тек со се што е ново, и нели доколку дозволуваат условите, секогаш ги применувам новитетите и трендовите во индустријата на графичкиот дизајн.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваш како графички дизајнер денес и што би им препорачала на идните студенти на Monday Learning кои сакаат да се занимаваат со графички дизајн?

Како графички дизајнер денес, еден од најголемите предизвици со кои се соочувам е управувањето со клиентите кои често веруваат дека имаат целосно разбирање на дизајнерскиот процес. Често, клиентите може да имаат неосновани очекувања за брзината на изработка или да не се свесни за сложеноста на проектот, што може да доведе до притисоци и стрес за дизајнерот. Овие ситуации бараат внимателно управување со комуникацијата и поставување на јасни очекувања од самиот почеток.
За идните студенти на Monday Learning кои планираат да се вклучат во графичкиот дизајн, мојата препорака би била да се фокусираат на развивање на јасна комуникација и управување со клиентите. Разбирањето на основите на клиентските потреби и поставување реални очекувања може значително да ја подобри соработката и резултатите.

И за крај Бојана, дали би сакала да ни откриеш каде се гледаш себеси во иднина? Дали имаш некои цели или амбиции што би сакала да ги постигнеш во твојата кариера како графички дизајнер?

Секако. Сакам да имам свое студио кое ќе биде поврзано и со ликовна уметност и со дизајн се што е креативно.

Придружи се на следната група на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning, која започнува во септември, и стекни знаења од искусни професионалци во областа. 

Уписите се во тек.
Резервирај место тука.